Зошто ферментираната храна е добра за намалување на тежината, подобрување на расположението и освежување на кожата?

Зошто ферментираната храна е добра за намалување на тежината, подобрување на расположението и освежување на кожата?

Ново неверојатно истражување ја открило важноста на микробиомот, бактерија која во големо количество живее во нашите тела. Микробиомот живее во цревата од каде што води голем дел од клучните функции на телото и токму затоа е важен за нашето општо здравје. Рамнотежата на микробиомот го регулира имуниот систем, метаболизмот, го одржува дигестивниот систем, ги поддржува функциите на мозокот, го подобрува расположението, создава клучни витамини и хранливи материи, а со тоа ни помага и во одржувањето на здрава телесна тежина.

Зошто ферментираната храна е добра за намалување на тежината, подобрување на расположението и освежување на кожата?

Токму затоа доколку сакате да ја намалите вашата телесна тежина, многу е важно да направите баланс на микробиомот во вашите црева, а еден од најефективните начини да го сторите тоа е да јадете ферментирана храна. Овој вид храна е богата со овие бактерии кои го освежуваат микробиомот и помагаат при одржувањето на вистинските пропорции на оваа пријателска бактерија во нашето тело. Најголемо количество на живи бактерии кои му помагаат на микробиомот може да се најде во следниве видови храна:

Киселата зелка е еден вид ферментирана зелка која изобилува со различни видови бактерии кои му помагаат на микробиомот. Тој во комбинација со доматот се совршените извори на жива бактерија. Покрај бактериите тие содржат и големо количество на витаминот А кој помага при одржување на здравјето на вашите црева.

Кимчи е корејска верзија на ферментирана зелка, моркови, кромид и лук. Една студија од 2011 година покажала дека овој производ има големо влијание при намалување на тежината, подобрување на крвниот притисок и шеќерот во крвта, а бидејќи изобилува со витамини има големо влијае врз вашето здравје, како и во одржувањето на сјајноста на вашата кожа. Кимчито исто така се покажало дека го намалува холестеролот, ја спречува тврдата столица и се бори против ракот на дебелото црево. Интересно е и тоа што овие производи исто така влијаат при намалувањето на стресот и депресијата.

Ферментираниот зеленчук изобилува со природните добри бактерии, но исто така овозможува одлично количество на диететски влакна кои се добри за вашиот дигестивен систем.

Кефир е ферментирано млеко кое многу наликува на течниот јогурт. Тој исто така содржи голем број бактерии кои му помагаат на микробиомот, но неговите придобивки не застануваат тука. Тој овозможува балансирање на имуниот систем и многу често се користи за борба против туберкулозата и ракот. За најдобар ефект на кефирот, бирајте ги оние продукти кои немаат додадено шеќери и овошни вкусови, бидејќи тие ја уништуваат живата бактерија која на вашето тело му е потребна, но и негативно влијаат врз вашата телесна тежина.

Јогуртот е еден од универзално прифатените производи од ферментирано млеко кои имаат големи здравствени придобивки. Доколку го конзумирате чист, без никакви вкусови и свеж тој ќе ви помогне при губењето на телесната тежина, одржување на сензитивноста на инсулинот како и во борбата против различни видови воспаленија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар