8 моќни животни лекции на кои можат да нè научат Хаваите
Можеме многу да научиме од жителите на Хаваи. Бидејќи тие се на средината од океанот, далеку од сите, знаат колку е важна поддршката од најблиските, а токму поради тоа живеат со отворено срце, храбро и во моментот, впивајќи ги и најмалите нешта околу нив и со тоа секојдневно им се отвораат нови перспективи во животот. Погледнете ги наредниве моќни животни лекции на кои може да нè научи животот на Хавајските острови.
1. Ослободете се од големите очекувања
Кога нешто многу силно очекуваме да се случи, ние се подготвуваме да станеме жртви на животните ситуации. Големите очекувања се коренот на несреќата. На Хаваи, локалните жители се подготвени и отворени за сè, без разлика дали станува збор за поплава, предупредување за цунами или расчистување на облаците кое го отвора патот кон одлична сурферска сезона. Доколку му дозволите на животот да се развива природно, ќе успеете да го најдете срцето на рамнотежата.
2. Не е слабост да имате потреба од друга личност
Голем дел од луѓето се обидуваат со целата сила да бидат што е можно понезависни, така што се движат низ животот глумејќи дека сè е во ред. Тие веруваат дека доколку ја покажат својата ранлива страна, со тоа ќе покажат и слабост. Но, доколку ги погледнете жителите на Хаваи ќе сфатите дека срцето на среќата се наоѓа кај другите. Овие острови се толку далеку од копното, па токму затоа луѓето постојано безрезервно си помагаат и се чуваат. Заедницата е пулсот на Хавајските острови и потпирањето на другите е она што се смета за цврстина. Но, вие не мора да бидете на средината од океанот за да ја почувствувате силата на пријателството и фамилијата.
3. Бидете отворени и животот ќе ви биде полесен
Кога не сакаме да пораснеме и се плашиме од промените, ние се бориме со целата сила на нашиот пат низ животот. Налетуваме на илјадници препреки и трошиме повеќе енергија борејќи се против нив отколку за оние работи кои позитивно влијаат врз нас. Клучот за помирен живот се наоѓа во пристапување на сите ситуации со отворен ум и без судење.
4. Промената на насоката не значи неуспех
Нема ништо страшно доколку го промените вашето мислење, започнете од почеток и се тргнете од ситуацијата која во еден момент од вашиот живот сте мислеле дека е вашиот пат до среќата. Понекогаш ослободувањето на оние нешта од кои повеќе немате корист ве ослободува и ви отвора голем број нови можности кои претходно не сте можеле ни да ги забележите.
5. Бидете онаму каде што сте, не онаму каде што мислите дека треба да бидете
Поголемиот дел од луѓето трошат енормно многу време и енергија за да бидат некоја идна верзија од нив. Додека се обидувате да бидете некој кој сè уште не сте станале, вие ќе почнете да заборавате колку далеку веќе сте успеале да стигнете. Жителите на Хаваи секогаш велат дека треба да бидете присутни во моментот и да го прифатите она што сте сега.
6. Дозволете ѝ на љубовта да влезе во вашиот живот
Лошото искуство и повредените чувства може да доведат до градење ѕидови околу срцето, а со тоа и да не дозволувате никој повторно да влезе во него. Во Хаваи, љубовта е насекаде, од океанските бранови, па сè до светите вулкани. Љубовта е основата на животот и дозволувањето таа да влезе во вашето срце се смета за вистинска среќа.
7. Малите нешта се големи нешта
На Хаваи сите носат апостолки, не употребуваат шминка, ниту пак ја средуваат косата. Тоа е единственото место каде што помалку е повеќе и токму затоа жителите го впиваат секој момент. Тие уживаат во зајдисонцата, шетаат боси по песокот или се одмараат во природата и токму овие нешта секојдневно ги исполнуваат со големи искуства. Не ви се потребни многу пари за да бидете среќни, вие само треба да научите како да ги цените малите нешта и да сфатите дека тие се оние големи нешта кои секојдневно ги барате.
8. Благодарноста е животната сила на сè
Благодарноста не само што е основен дел од среќното живеење, туку таа истовремено е и животна енергетска сила. Никогаш не заборавајте дека наместо да се фокусирате на она што не функционира, бидете благодарни за она што е во ред и одеднаш и останатите нешта ќе почнат да го наоѓаат своето место во вашиот живот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.