Загатка: Четворица соседи прават 4 добри дела
Четворицата пријатели Алек, Јанко, Крсте и Ристе одлучиле секој од нив да направи по едно добро дело кон некоја постара личност во соседството: г-ѓа Николова, г-ѓа Лутенкова, г-ѓа Бојковска и г. Велимир. Можете ли да заклучите кој на кого му ги чистел прозорите, го шетал кучето, му испазарил продукти или му ја однел колата на перење.
Еве ги насоките:
1. Тројца од четворицата пријатели се Алек, оној кој ја пере колата и оној кој му помага на господин Велимир.
2. Госпоѓа Лутенкова не барала да ѝ купуваат продукти.
3. Алек не чисти прозори, а Јанко не ѝ помага на г-ѓа Лутенкова.
4. Г-ѓа Бојковска нема потреба од чистење на прозорите, а Крсте ниту чисти прозори ниту ја пере колата.
5. Г-дин Велимир не барал перење кола ни чистење прозори.
6. На г-ѓа Бојковска не ѝ помага Алек.
7. Ристе не чисти прозори.
Решение:
Алек го шетал кучето на г-ѓа Лутенкова, Јанко ѝ ги исчистил прозорите на г-ѓа Николова, Крсте испазарил за г. Велимир, додека Ристе и го испрал автомобилот на г-ѓа Бојковска.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
kolku glupo e postavena zadacata