20 реченици кои не сака да ги чуе ниту една жена без деца
Тоа што некои жени не сакаат или барем во моментот не размислуваат за деца, е на некој начин дури табу тема. Во денешно време ниедна жена на никого не треба да му ги оправдува своите избори, па затоа и не е должна да слуша секакви коментари од својата околина. Ова се 20 реченици кои жените без деца не сакаат да ги слушнат, а за жал најчесто ги слушаат и од поблиските и од подалечните пријатели и членови на фамилијата.
1. Тоа ти е многу лоша одлука.
2. Со детето животот ми доби смисла.
3. Кој ќе се грижи за тебе кога ќе остареш?
4. Ќе завршиш како оние жени кои наместо деца и внуци имаат еден куп мачки.
5. Себична си.
6. Ќе се предмислиш кога ќе го сретнеш вистинскиот.
7. Пропушташ нешто најдобро и најубаво во животот.
8. Биолошкиот часовник ти отчукува, што чекаш?
9. Штета. Може да зажалиш за таа одлука.
10. Што не е во ред со тебе?
11. Што ќе ви е толкав стан со момчето/сопругот кога немате деца?
12. А баш би била супер мајка!
13. Мислиш дека не сакаш деца, но кога ќе ги имаш ќе се предомислиш.
14. Не се плашиш дека момчето/сопругот ќе те остави бидејќи не сакаш деца?
15. Немаш дете па не можеш да го разбереш тоа.
16. Само со дете можеш да дознаеш што е вистинска љубов.
17. Сите твои пријателки имаат деца, би требало и ти да имаш.
18. Што чешаш, принцот на белиот коњ за да родиш?
19. Ќе сфатиш кога ќе имаш деца.
20. Мислиш дека ТИ си уморна? Не знаеш што значи умор!