Заборавете на сите оние добро познати фрази кои се користат за запознавање и преминете целосно на говорот на телото со чија помош ќе можете брзо да го привлечете неговото внимание и целосно да го освоите неговото срце. Погледнете ги наредниве начини на кои можете да го сторите тоа…rn
rn
Контакт со очи
rnКога ќе забележите личност која ви допаѓа во кафулето или дискотеката, додека одите кон шанкот поминете покрај него. Но, наместо само набрзина да го одминете, одржувајте го контактот со очи и насмевнете се. Луѓето имаат навика да одбегнуваат контакт со очи со странци, па токму затоа одржувањето на истиот е директна (и секси) покана за запознавање.rn
Случајни допири
rnМалите телесни контакти можат да бидат од огромна помош кога станува збор за флертување. Без разлика дали ќе се потпрете на него откако ќе „изгубите рамнотежа“ во одењето или пак, нежно ќе го допрете за половината додека поминувате покрај него, сите овие мали гестови ќе го остават со мислите дека може да се случи нешто многу повеќе.rn
Изиграјте мудро
rnЗемете салфетка и пенкало и нацртајте ја табелата за играта „X-0“. Направете го првиот чекор и подадете му ја салфетката со пенкалото без да изустите ниту еден збор. Ќе се изненадите колку овој потег ќе го привлече неговото внимание.rn
Усни
rnДоколку веќе некое време флертувате со личноста која ви се допаѓа, преземете ги работите во вашите раце така што нежно ќе ја гризнете вашата долна усна додека го одржувате контактот со очи. Ова ќе му биде и повеќе од очигледен знак дека очекувате тој веднаш да ве бакне.rn
Бидете независна
rnПокажете му дека сте целосно независна така што додека тој е во тоалет, платете ја вашата сметка од состанокот. Кога тој ќе се врати и забележи дека сметката е платена, ќе добие тивка порака дека вие сте моќна девојка со голема самодоверба. Но, исто така ќе ви каже и дека ви должи вечера, па токму затоа со сигурност ќе излезете на уште еден состанок.