Што ви прави гледањето премногу телевизија?
Сте размислиле некогаш колкаво е влијанието на телевизијата врз нашите животи? Колку бескорисно потрошено време поминуваме пред ТВ екраните додека истовремено им дозволуваме на оние од другата страна да ни ги перат мозоците? Веројатно сте помислиле и тоа многупати, но сепак нема ден да помине, а вие да не го изгледате ТВ дневникот на вашиот омилен канал, омилената ТВ серија или некое забавно шоу. Тоа во умерени граници секако е во ред, а стрипчето во продолжение само ќе ве потсети на реалната вистина за телевизијата, која е добро понекогаш да нѐ затресе и да нѐ извади од фотелјите во кои удобно чекаме да ни помине животот.
„Ако го сакате животот, не губете си го времето, бидејќи времето е она од што животот е составен.“ – Брус Ли