Марк Бустос, стилист од Њујорк, ги поминува своите неделни попладниња (единствениот ден кога не е на работа), шетајќи по улиците и средувајќи ги косите на бездомниците, кои инаку не би можеле да си дозволат да платат за ваква услуга.
Бустос ја добил идејата откако го посетил семејството во Филипини во 2012 година, кога изнајмил берберница за да ги потстрижува локалните сиромашни деца. Вели дека неговиот најнезаборавен „клиент“ бил Џемар Бенкс за кој вели:rnrn
„Тој немаше многу што да каже во текот на целиот процес, сѐ додека не му покажав како изгледа откако завршив… Првото нешто што ми го рече беше: ‘Знаеш некој што вработува?’“
rnБустос избира прометни видливи места на ќошињата од улиците и тротоарите, не со цел тој да биде виден, туку да ги инспирира другите да прават добри дела за оние на кои им е потребно. Тој често излегува на потстрижување заедно со неговата девојка, која ги прашува бездомниците дали би сакале нешто да јадат, а обично успева да среди по 6 „клиенти“. Овој великодушен њујорчанец ги споделува фотографиите од своите дела на Инстаграм, а жителите и туристите можат да го начекаат секоја недела како им дава нов изглед на помалку среќните.rnrn
Тој за својот проект вели: „Чувството е толку благородно, па решив да ја вратам позитивната енергија во Њујорк“, додавајќи дека ова порано го правел и во Јамајка, Костарика и Лос Анџелес.
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


