Автор: Маја ЛинковаrnrnВлегувањето во базен веројатно ве асоцира на одмор и на разладување за време на летните горештини. Но, пливањето е и одлична кардио-вежба. Не ги оптоварува зглобовите, а активноста на целото тело согорува калории. Исто така, го истегнува и издолжува вашето тело, а тоа е нешто што не можете да го постигнете со обични вежби. Тренерот по пливање Ерл Волтон, нагласува 4 причини зошто пливањето е препорачливо за сите.rnrn
rn
1. Крос-тренинг
rnВеројатно сте чуле дека за оптимален фитнес тренинг, најдобро е да комбинирате различни вежби. Пливањето има поразличен ефект од вежбите кои ги правите во теретана или дома. Тоа е идеално за мускулите кои се најчесто занемарени со вообичаените вежби. „На спринтерите или на луѓето кои вежбаат во теретана, пливањето им овозможува одмор на глуждовите, колената и колковите“, истакнува Волтон.rn
2. Совршени мускули
rnПливањето може да ви ги зајакне рацете, нозете, рамењата, а за кратко време ќе забележите и зацврстени мускули на задникот. „Водата е 724 пати погуста од воздухот, па така целото ваше тело постојано прави отпор“, тврди Волтон.rnrn
rn
3. Појако срце
rnСо пливањето, го учите вашето тело на нови техники на дишење, посебно кога вашата глава е во вода и свртена надолу. Длабоко вдишувате и издишувате воздух, така што вашите бели дробови се шират и произведуваат повеќе кислород, а на тој начин срцето ви станува посилно.rn
4. Бестрашност
rnПливањето ја зголемува вашата самодоверба. Самото чувство кога учите некоја нова техника и ја совладувате, е навистина охрабрувачко. Самиот предизвик кој си го наложувате, на пример да го испливате целиот базен по должина, ви нуди неверојатно чувство. „Како тренер, оваа можност за мене е една од најважните предности на пливањето“, заклучува Волтон.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.