Направете ги разделбите помалку болни
Збогувањата се неизбежен дел од животот. Селење во друг град, промена на работното место, завршување на врска, деца кои заминуваат да живеат сами… збогувањата се насекаде околу нас. Тие се интензивни и никогаш не се пријатни. Нивната тежина понекогаш прави да посакаме едноставно да исчезнеме од некаде само за да ги избегнеме. Никогаш нема да бидат пријатно искуство, без разлика дали и како се трудиме околу тоа, но можеме да ги направиме помалку болни. Психологот Дајан Барт зборува како да го постигнеме тоа.
1. Сфатете дека измешаните чувства се нормална работа. Ако го напуштате местото на живеење нормално е да сте тажни што ги напуштате пријателите и можеби семејството, а во исто време сте возбудени за новите нешта што ве очекуваат. Прифатете ја тагата кон стариот начин на живот како нормална работа која ја придружува секоја животна промена и полесно ќе се справите со неа.
2. Овие измешани чувства не значат дека сте донеле погрешна одлука. Ако ви недостигаат семејството и старите пријатели тоа не значи дека разделбата со нив е грешка. Напротив, почекајте додека сретнете нови луѓе и видете како ќе се чувствувате.
3. Зборувајте за тоа како се чувствувате. Објаснете им на оние кои најмногу им верувате за вашите измешани чувства и за тешкотиите поврзани со разделбите.
4. Без оглед на тоа дали ве очекува разделба со училиштето, домот, градот или работното место, немојте работите да ги гледате црно-бело. Ситуацијата која ја напуштате не е исклучиво добро или лошо искуство, туку има свои добри и лоши страни. Согледајте ги убаво сите различни влијанија кои претходната ситуација ги имала врз вас и тоа ќе донесе подобри последици на долг рок.
5. Дајте си време. Разделбите и збогувањата носат болка која ќе помине со тек на време. Д-р Брат вели дека низ призмата на спомените искуствата секогаш ни изгледаат помалку сложени одошто навистина биле. Оттука, гледањето назад со розови или со црни очила нема да ви ја даде вистинската слика. Моментот на разделба е тежок, но ќе помине.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.