Направете ја најевтината течност за борба со лошиот здив
Покрај редовното миење на забите, испирањето на усната шуплина е клучно за одржување на оралната хигиена. Со оваа течност, која е многу едноставна за подготовка, ќе ги отстраните насобраните остатоци од храна и бактериите од устата кои го предизвикуваат лошиот здив.
Иако течностите за уста се достапни на полиците во сите продавници, треба да се избегнуваат заради нивните агресивни состојки, па затоа ви препорачуваме да си направите сами природен и евтин производ за чистење на усната празнина кој ќе ви даде свеж здив.
Потребни состојки
- ½ рака свеж магдонос
- ½ литар вода
Зелените ливчиња од магдоносот имаат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја укажува на изобилство на хлорофил кој е најдобар природен борец против лошиот здив заради тоа што поседува антибактериски својства.
Иако џвакањето ливчиња магдонос се препорачува веднаш по јадење храна која предизвикува непријатна миризба, чајот од магдонос е попрактична и поделотворна метода во елиминирањето на бактериите и лошиот здив.
Начин на подготовка:
Во тенџерче ставете ја водата и додајте го исечканиот магдонос, а потоа оставете да се вари околу 5 минути. Потоа процедете ја течноста, оладете ја и конзумирајте ја после секој оброк.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.