Ски-центар инспириран од ескимските иглоа

Сподели

Швајцарскиот скијачки центар „WhitePod“ е изграден во модерен стил и обезбедува прекрасно приватно сместување за своите гости. Центарот се состои од 15 геодетски структури направени во стилот на игло, со поглед од снежните планини во една прекрасна швајцарска долина.rnСекоја приватна „кабина“ има огромен брачен кревет, камин на дрва, галерија и комфорен мебел. Големиот прозорец на едната страна обезбедува длабок и релаксирачки поглед во долината. Во центарот има и заедничка зграда во која гостите можат да јадат, пијат и да се забавуваат.rnОвие иглоа претставуваат одлично место за доживување на едно незаборавно и приватно искуство во снежната и ладна Швајцарија.rn

Популарно

Може ќе ве интересира