Најневеројатните фестивали во светот

Најневеројатните фестивали во светот

Автор: Сања Петровска

Овие фестивали се одржуваат еднаш годишно во различни градови, земји и континенти низ целиот свет. Секој од нив е со своја приказна и убавина, а заедничко им е тоа што нема да сакате да пропуштите ниту еден од нив.

1. Фестивал на снегот и мразот – Харбин, Кина

Овој едномесечен фестивал започнува секоја година на 5-ти јануари и трае до 5-ти февруари во градот Харбин во Кина и е најголемиот фестивал на снегот и мразот во светот. Таму може да се видат најразлични скулптури изрезбани од мраз, па дури и цели згради и објекти во реална големина.

1-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

2. Холи – Фестивал на Хиндуистите

Познат и под имињата Фестивал на боите или Фестивал на љубовта, овој настан се одржува во пролет во Индија, Шри Ланка и други Хинду региони. Фестивалот го прославува крајот на зимата и почетокот на пролетта и победата на доброто над лошото. Ако некогаш одите, не заборавајте да понесете многу боја со себе.

2-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

3. Каскаморас – База, Шпанија

Секоја година на 6 септември во провинцијата на Гранада се собираат илјадници Шпанци кои се мачкаат со маст за да го одглумат за светот крадењето на статуата Девицата на Пиедад и борбата меѓу градовите База и Гуадикс што се случила пред повеќе од 500 години. После точката следи една од најдобрите забави.

3-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

4. Карневалот во Венеција, Италија

Традиционалниот карневал е едно од главните обележја на овој преубав италијански град и се одржува сѐ до празникот познат како Чиста Среда или до четири дена пред празникот Марди Грас. Сѐ од 13-тиот век па наваму, луѓе од целиот свет доаѓаат за да учествуваат на овој карневал и да ги претстават своите маски.

4-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

5. Фестивал на огнот – Лервик, Шкотска

Последниот вторник во јануари за Шкотланѓаните, а и за луѓе од разни краеви на светот, е резервиран за овој неверојатен фестивал кога толпи луѓе маршираат преправени во разни костуми по улиците на градовите и селата во Шкотска. Кулминацијата доаѓа на крајот на церемонијата кога традицијата налага да се запали цел еден брод кој е копија на старите викиншки бродови.

5-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

6. Тумороуленд – Бум, Белгија

Еден од најголемите музички фестивали на електронската музика и играњето кој секоја година е посетен од повеќе од стотина илјади млади луѓе. Иако датира од 2005 година, дефинитивно претставува прилика за одлична забава и играње до раните утрински часови во текот на летниот период.

6-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

7. Марди Грас – Њу Орлеанс

Секоја година точно во вторникот пред Чиста Среда, улиците на Њу Орлеанс се преполни со луѓе желни и подготвени за забава како да не постои утрешниот ден. Две недели пред и за време на празникот, низ Њу Орлеанс може да се видат и да се учествува на различни паради и балови.

7-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

8. Октоберфест – Минхен, Германија

Се одржува последните недели од септември до крајот на првата недела од октомври, а е најголемиот и најпознатиот фестивал на пивото во светот. Секоја година е посетен од неколку милиони луѓе и се служат неколку милиони литри пива. Побрзајте и резервирајте си лет отсега.

8-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

9. Ла томатина – Буњол, Шпанија

Еден од ретките фестивали кои се одржуваат само за забава и без некоја посебна причина, а настанал така што во 1945 година некои жители почнале да фрлаат овошје и зеленчук за време на парадата. Секоја последна среда во август, во близина на Валенсија, започнува познатата тепачка со домати која претставува ретко и интересно искуство кое не смеете да го пропуштите.

9-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

10. Меѓународниот фестивал на балоните – Албакерки, Ново Мексико

Овој фестивал се одржува секоја есен на почетокот на октомври, а претставува најголемиот собир на балони на топол воздух. Трае 9 дена, а за тоа време може да се видат повеќе од 750 балони на небото.

10-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

11. Карневалот во Рио де Женеиро, Бразил

Самба музика, костуми во секакви бои и облици и огромен број луѓе кои парадираат по улиците на Рио де Женеиро. Овој фестивал се одржува еднаш годишно, точно четириесет и шест дена пред Велигден, а е меѓу најпознатите во светот. Ритамот и шармот на овој бразилски карневал сигурно ќе ве воодушеват.

11-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

12. Фестивал на тркалање кашкавал по Купер Хил – Глоучестер, Англија

Ако некогаш сте посакале да видите стотици мажи како трчаат надолу по рид и бркаат кашкавал, тогаш овој фестивал во Глоучестер е вистинското место за тоа. Големото тркало од кашкавал се пушта од врвот на ридот и натпреварувачите трчаат по него, па тој што прв ќе ја помине целта го освојува кашкавалот. Забавата продолжува по локалните пабови.

12-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

13. Коачела – Индио, Калифорнија

Тридневен музички и уметнички фестивал кој е вистинско пролетно уживање и кампување во пустина во преубавата Калифорнија. Пропратено со музиката на некои од најпознатите имиња на музичката естрада и присуството на многу познати личности, ветува неверојатна забава.

13-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

14. Денот на мртвите – Фестивал на Мексиканците

Секој 1-ви ноември, традиционалните Мексиканци насекаде во светот го прославуваат Денот на Сите Светци (според католичкиот календар), за да се сетат на нивните блиски кои починале пред нив. Најголемите забави се одржуваат во Мексико Сити и Лос Анџелес, а можат да се видат најразлични маски и културни спектакли.

14-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

15. Трка со бикови – Памплона, Шпанија

Нема некој кој не би сакал да види толпа луѓе кои трчаат и бегаат од бикови на сред улица. Тоа е возможно секој јули од 6-ти до 14-ти во градот Памплона во Шпанија и претставува негова долготрајна традиција, а е вистинско возбудливо искуство.

15-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

16. Водниот фестивал во Сонгкран – Чианг Маи, Тајланд

Најголемата борба со водени балони, пиштоли на вода и полни шишиња. Неверојатна пролетна водена авантура која ја означува традиционалната Тајландска Нова година, а трае најмалку три дена.

16-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

17. Огнен човек – Блек Рок Сити, Невада

Aко и вие сте од оние кои сакаат да се ослободат од конвенционалните стеги на општеството, тогаш оваа пустинска деноноќна забава во Невада е местото каде треба да одите. Започнува последниот понеделник од август и завршува првиот понеделник од септември, а името го добила по палењето на големата дрвена фигура во саботата вечер.

17-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

18. Кирпинарскиот турнир во борење во масло – Ердин, Турција

За сите обожаватели на борба меѓу полуголи мажи измачкани со маслиново масло ова е вистинското место каде треба да се биде. Се одржува во летниот период во градот Ердин, Турција.

18-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

19. Вандерласт, фестивал на јогата – Оаху, Хаваи

Одмарање на прекрасните плажи на Хаваи и инспиративна авантура која е комбинација на јога, музика, природа и душевно исполнување за сите љубители на овој индиски ритуал.

19-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

20. Фестивал на борби во кал – Порен, Јужна Кореја

Кореја изобилува со навидум случајно организирани фестивали и настани од кои дефинитивно најпознат е овој фестивал на борби во кал. Се одржува покрај плажа, па во секој момент можете да направите пауза и да се разладите во океанот.

20-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

21. Геј парада – Сан Франциско

Позната и под името Гордоста на Сан Франциско, оваа парада е традиција на градот многу години наназад. Овој фестивал е незаборавно дводневно доживување кое ги слави хомосексуалците, бисексуалците и трансродните лица низ целиот свет.

21-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

22. Фестивал на фенерите – Пингши, Тајван

Не постои ништо поромантично и помагично од небо осветлено со илјадници лебдечки фенери токму над вас. Оваа неверојатна глетка е возможна на неколку фестивали во светот, но токму овој во Тајван ќе ве остави без зборови.

22-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

23. Гластонбери – Гластонбери, Англија

Уживање во звуците на неверојатна музика создадена од најпознатите музички имиња додека немирно газите во кал во вашите чизми за дожд и кампувате со пријателите. Музички фестивал како ниеден друг – гласен, валкан и див. Не смеете да го пропуштите.

23-najneverojatnite-festivali-vo-svetot-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар