Понижувачки: Како ги третираат жените во некои земји додека имаат менструација?

Сподели

Организацијата „Femme international“ објавила мапа на државите во кои менструацијата во 21 век сѐ уште претставува табу тема. Иако ова е нешто што ѝ се случува на секоја жена во светот, одредени религии и земји на тоа гледаат на многу чуден начин. На девојките неретко им е непријатно да зборуваат на оваа тема, но во овие земји, сигурно е многу потешко.

Реклама

Жена во менструален циклус, Непалrn

Венецуела

rnВо руралните делови на Венецуела, жените мораат да спијат во шатори за време на нивната менструација.rn

Гана

rnВо руралните делови на Гана, на жените им е забрането да поминуваат време во иста куќа со мажите, како и да му готват, сѐ додека им трае менструацијата.rn

Исламските земји

rnПо исламската традиција, жените кои имаат менструација не смеат да се молат, да го пипнат Куранот, ниту да постат.rn

Непал

rnВо зафрлените делови на Непал, на жените им е забрането да разговараат со кого било во текот на менструацијата, а тој период мора да го поминуваат во глинени куќи во шума, сѐ додека не им заврши.rn

Кенија

rnЖените од племето Масаи кои имаат менструација не смеат да молзат крави ниту да поминуваат време во шталата, за да не ги „заразат“ животните. Исто така, за време на траењето на циклусот, не смеат да јадат млечни производи.rn

Индија

rnВо Индија жена која има мензис не смее да допира крави.rn

Југоисточна Азија

rnВо многу заедници во Југоисточна Азија, жените кои имаат менструација не смеат да користат вода од истата чешма како останатите, како другите не би се заразиле.rn

rn 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира