50 работи на кои ќе ве научи животот во Њујорк

50 работи на кои ќе ве научи животот во Њујорк

Можеби сте патувале низ многу градови во светот, но Њујорк е навистина поразличен од другите. Град кој или го сакате или го мразите. Место кое ќе ве натера најпрвин да се запознаете себеси, а потоа и животот воопшто. Таму за успех не се потребни само високи интелектуални вештини, туку и верба и следење на внатрешните инстинкти. Еве на што сѐ ќе ве научи овој град, доколку некогаш ви се пружи шанса и соберете храброст да живеете во него.

50 работи на кои ќе ве научи животот во Њујорк

1. Убавите жени како зиме да се кријат, а на лето полека почнуваат да излегуваат.

2. Постојат безброј начини некого да му кажете „не“.

3. Спремни сте да живеете и во најголемата шупа – можеби нема да ви се допаѓа, но ќе се справите со тоа.

4. Се навикнувате и на специфичниот мирис на ѓубре, кое полека скапува на сонцето.

5. Соочени сте со фактот дека повеќето луѓе не се облекуваат во соодветниот конфекциски број.

6. Моделите изгледаат подобро во списанијата.

7. Постојат стаорци поголеми од вашата мачка.

8. Луѓето се спремни да платат повеќе за што и да е.

9. Можете да одите на факултет 4 години и повторно келнерот да заработува повеќе од вас.

10. Колку и да ви е ужасен станот, киријата со сигурност ќе расте.

11. Има некои навистина, навистина нечисти луѓе кои живеат во Њујорк.

12. Луѓето ќе ве излажат само за да видат дали им верувате.

13. Пријателите овде тешко се стекнуваат.

14. Можеби ќе се случи да се чувствувате крајно осамени, иако сте опкружени со милион луѓе.

15. Ќе преживеете и без пица.

16. Ќе има луѓе кои ќе ве мразат само затоа што така им текнало.

17. Поголемиот дел од луѓето во светот се идиоти.

18. Тоа што сте паметни не ви гарантира успех – има голем број интелигентни луѓе во Њујорк кои се бездомници.

19. Ништо во животот не е бесплатно.

20. Луѓето ви прават услуга само затоа што подоцна го очекуваат истото и од ваша страна.

21. Жените копнеат по секс исто како и мажите.

22. Вашиот џигер може да поднесе јак ќотек.

23. Повеќето луѓе не знаат што сакаат да прават со животот – и тоа е ОК.

24. Вљубувањето е неверојатно тешко, иако секојдневно среќавате нови луѓе.

25. Секој има различна перцепција за светот.

26. Кај соседите не е подобро.

27. Нема да можете да живеете долго без малку природа и чист воздух.

28. Некој може да ве убие за помалку одошто мислите.

29. Сите се трудат да ве победат – иако никој не знае за што се натпреварува.

30. Американците можеби се дебели, но коренот на проблемот не лежи во тоа.

31. Не секој има проблем со вршење голема нужда во јавност.

32. Човековата урина мириса подеднакво лошо како онаа на мачките – барем по нејзиното „крчкање“ на жешкиот асфалт.

33. Во Њујорк можете да фатите хонорарна работа во угостителството само со њујоршко искуство. Па ако не сте родени како келнер, тешко дека ќе најдете работа.

34. Викендите се најлошото време за забава.

35. Луѓето се спремни да платат коктел, поскап од шишињата алкохол од кој е направен.

36. Доколку изгледате како да имате пари, другите ќе направат сѐ за да ве искористат.

37. Луѓето слушаат за да ви одговорат, не за да ве разберат.

38. Денешниот пријател ви е утрешен непријател.

39. Многу е важно да носите кондом.

40. Повеќето луѓе имаат ужасен вкус за музика.

41. Луѓето сакаат да прават проблеми за да се почувствуваат важни.

42. Семејството е неверојатно важно – тешко дека ќе преживеете без поддршката од најблиските.

43. На секого му се случува понекогаш да западне во длабока, црна дупка.

44. Колку и да е длабока и црна дупката, секогаш имате можност да излезете од неа.

45. Сексот не го лечи скршеното срце.

46. Ви треба некој кој ќе ве сака.

47. Потребен ви е добар другар ако сакате да успеете во животот.

48. Парите се моќ.

49. Во животот важни се само оние работи кои сте ги заработиле со многу труд.

50. Среќата е одлука. Одлука која треба да ја донесувате секој ден до крајот на животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар