Артистот Бартоломиус Тробек забележал дека линиите во стеблото на дрвото неверојатно многу наликуваат на оние на винилските плочи. Токму затоа, во неговото најново уметничко дело „Years“, тој создал прекрасна, но истовремено и морничава песна на музичка плоча направена од стебло од дрво.rnrnrnrnКако функционира овој грамофон? Артистот со помош на камера од плејстејшн ги пренесува податоците од прстените во стеблото до неговиот компјутер. Потоа компјутерот со помош на програмата наречена „Ableton Live“ ги претвора прстените во музика, со избор на инструмент – пијано. И покрај тоа што самото дрво не е музикално, процесот кој е вклучен во овој проект на некој начин функционира како превод, тој нешто физичко претвора во звук. Неверојатно, се согласувате?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
