Mал апартман во Менхетн полн со топлина и женственост

Сподели

Дизајнерите Линдзи Босвел и Али Левин од LABLstudio при уредувањето на овој апартман, сместен во Менхетн, прават одличен спој меѓу земјените тонови и ненадејните изблици на јаки бои, произведувајќи дом кој е релаксирачки, топол и неверојатно женствен.

Реклама

rn

Тие велат: „При уредувањето на апартманите особено важно е да создадете одделни делови за дневен простор, спиење, забава итн., дури и ако сите се дел од една соба. Секогаш кога имаме можност, се трудиме да го направиме тоа.“

rnОсобено важно е тоа што парчињата мебел во овој животен простор може да се користат за повеќе намени, благодарејќи на идеите на дизајнерите. На пример, масичката поставена меѓу двата прозорци може да служи како место за вечерање, работно биро или за шминкање и средување, со оглед на поставеноста на огледалото. Полицата над креветот пак е уште еден паметен начин на максимално искористување на и онака малиот простор. Доколку трагате по идеи, погледнете ги сликите и инспирирајте се!

Популарно

Може ќе ве интересира