Придобивките од медената вода

Придобивките од медената вода

На сите нас, добро ни се познати благодетите на медот, но малкумина знаат дека многу корисна за организмот е и водата помешана со мед, т.н. медена вода. Овој напиток одамна е употребуван за справување со разни болести, како и во козметички цели.

pridobivkite-od-medenata-voda-kafepauza.mk

Подготовка на медена вода:

За подготовка на медена вода доволно е една кафена лажичка мед да се промеша со чаша млака вода. На тој начин се добива 30-постотен раствор на мед кој по својот состав е идентичен на крвната плазма. Медот ѝ дава структура на водата и со тоа ги засилува нејзините лековити својства, што е научно докажано. Оваа вода целосно и брзо се апсорбира во организмот.

Медената вода подготвена на овој начин има низа придобивки:
  • Го нормализира варењето на храната, ја подобрува функцијата на сите делови на гастроинтестиналниот тракт, го решава проблемот со т.н. мрзливи црева.
  • Го подобрува имунитетот, лечи настинки, бронхитис, го извлекува шлајмот од белите дробови на природен начин – низ цревата.
  • Го чисти целиот организам. Делува антибактериски, антивирусно и антигабично.
  • Ја нормализира работата на дебелото црево. Конзумирањето медена вода е одличен начин за обновување на цревната микрофлора и елиминирање на цревната дисбактериоза (микробиолошка нерамнотежа).
  • Се бори со паразитите во организмот. Сите видови паразити во дигестивниот тракт не ја сакаат жолтата боја. Штом ги нападнете со зраци на жолта боја, тие ќе престанат да се размножуваат. Со медената вода се прави „санација“ на цревата, на тој начин што се раствораат наслагите од фекалии во цревата. Затоа, на почетокот може да забележите зголемување на обемот на струкот, но тоа не треба да ве плаши. За тоа постои едноставно објаснување: фекалните камења (наслаги) „отекуваат“, стануваат помеки и започнува нивната евакуација од телото.
  • Помага со неконтролираното мокрење. Медот е хигроскопичен, ја собира водата, така што бубрезите и бешиката не се оптоваруваат во текот на ноќта.
  • Медената вода може да се користи и во козметички цели, па така со неа можете да го пребришувате лицето. Таа ја негува кожата оставајќи ја кадифена, свилекнкаста и мека.
Начин на козумирање:

Медената вода во превентивни цели треба да се конзумира секое утро на празен желудник, и треба да се испие брзо. Добро е да се пие и навечер пред спиење, а се препорачува секогаш да се конзумира свежо подготвена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар