Не фрлајте ја кората од портокалите, еве за што можете да ја употребите

Не фрлајте ја кората од портокалите, еве за што можете да ја употребите

Портокалот е на врвот на листата на најомилените овошја на светот. Но покрај вкусот и придобивките од јадењето на плодот, еве за што можете да ја употребите и самата кора.

ne-frlajte-ja-korata-od-portokalite-eve-za-shto-mozhete-da-ja-upotrebite-kafepauza.mk

1. Отстранете ги дамките од вода

Доколку ве нервираат дамките од вода кои се прават на чешмите едноставно можете да ги отстраните доколку ги исполирате со внатрешноста на кората од портокал.

2. Полирање на дрвен мебел

Белиот дел од кората на портокалот исто така може да го врати сјајот на стариот дрвен мебел.

3. Средство за чистење

Ставете ја кората од портокал во стаклена тегла, прелијте ја со бел оцет, и оставете ја теглата во фрижидер неколку недели, повремено промешувајќи. Потоа процедете ја течноста, претурете ја во шишенце со механизам за шприцање и користете го средството за чистење под и прозорци.

4. За истерување на инсектите

Мравките, молците и комарците не сакаат одредени елементи кои се наоѓаат во лушпата на портокалот. Ќе ги избркате доколку поставите кора од портокал на местата од кои мислите дека инсектите доаѓаат.

5. За освежување на просториите

Портокалот има неодоливо освежувачки мирис кој на секој дом може да му даде фантастичен мирисен шарм. Исушете ја кората во рерна, смелете ја во блендер и поставете ја во мали платнени верќички. Вреќичките можете да ги закачите во купатилото, на плакарите итн.

6. Омекнете го кафеавиот шеќер

Ако вашиот кафеав шеќер често ви се претвора во грутки, тоа ќе го спречите така што во садот каде што го чувате ќе додадете неколку парченца кора од портокал. Kако бонус, шеќерот ќе добие и одлична арома.

7. За отстранување на лошиот мирис на обувките

Кората од портокал ставете ја во платнена торбичка, заврзете ја и преку ноќ ставете ја во чевлите кои немаат баш пријатен мирис. Кората ќе го впие целосно.

8. Пилинг за тело

Ова е наједноставниот пилинг кој можете да го направите. Ставете кора од портокал во газа, заврзете ја и користете ја наместо сунѓер за време на туширањето. Кожата ќе ви стане цврста, светла и мазна.

9. Направете свеќа

Кората од портокал може да ви послужи и како брза декорација за од неа да направите мала свеќичка.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар