КАФЕ ПАУЗА

Луксузен дом во Англија со поглед кон природата

Луксузен дом во Англија со поглед кон природата

Овој прекрасен дом во Англија е дизајниран од Alexander James Interiors од Беркшир, а е опкружен со неверојатно живописна и богата природа. До куќата се доаѓа преку приватен заграден простор, со педантно уредена зелена површина. Фасадата на објектот, на прв поглед, ве прави да се запрашате што може да очекувате во самата внатрешност. Несомнено, куќата изобилува со дневна светлина, а убавата тераса на вториот кат го поврзува ентериерот со свежиот пејзаж и околина, што пак просторот, меѓу другото, го прави совршен за одмор и релаксација.rnrnЛуксузен дом во Англија со поглед кон природатаrnrnПрвиот кат е составен од огромен салон, преку кој се доаѓа до кујната, дневната соба и оранжеријата. Тука се наоѓаат и поголем дел од луксузно наместените спални соби. На вториот кат се наоѓа уште една соба за одмор, заедно со просторија, која може да биде искористена како домашно кино или за некои други слични активности. Уживајте во убавиот дом и фотографиите!rnrn

rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.