Во сенките на совршенството

Сподели

Автор: Ана

Реклама

За љубовта, за искушението…rnЧаша црвено вино, доказ за страста.rnОпиена ноќ од безгрижност,rnтеатар и мала претстава на заљубените.rnБез публика, срцето како наратор…rnГи води низ улиците на топли прегратки,rnискрени погледи…rnНиз мастило темната ноќ, воздишки љубов,rnтишина или разговор…rnУдобност.rnРазголени пред својот карактер,rnсекоја мана е доблест.rnУдобност.rnБез срам, со погледот вперен во другиот…rnВрели прекривки од зборови,rnза најмилиот, за најдрагиот.rnДва збора.rnСладост за нивното постоење.Да се сакаме, не само еден ден од годината! Да покажеме љубов не само еден ден од годината! Внимание… Секој ден. Нежност на вашиот репертоар. Љубовта е само обичен танц, ако во него не се внесе страст. Излиени и исцртани чувства на вашето тело. Покажете му на својот најближен каква слика правите секојдневно. Наздравете за тоа!

Наздравете за денот.rnНаздравете за животот.rnЗа успехот…rnЗа вас!rnЗа ситното, за големото.rnЗа важното и помалку битното.rnЗа вашето постоење.rnНаправете клопче од спомени…rnПуштете го да се тркала пред вашите очи.rnНаздравете за тоа дека некој ги градел тие спомени со вас.rnНа здравје!

Утрешниот ден во себе ги држи најсилните емоции, комбинација на две слатки работи…Љубов и вино. Совршенство. Гламур. Постојаност. Забава. Загатка. Изненадете ги вашите најмили со парче искреност, подарок од вашата душа. Без страв прославете ги двата најубави празници.

Среќна заљубена пијаност!rnСакајте и ќе бидете сакани.rnЉубете и ќе бидете љубени.rnНаточете вино и за другиот… Поубаво е кога се пие во друштво.

Со љубов насликана од срце,rnАна

Популарно

Може ќе ве интересира