Ако имате креативен ум и очи кои се способни да перципираат подалеку од обичната реалност, набљудувајќи ќе предметите и појавите наоколу, многу лесно би можеле да ги претворите во нешто друго. Како што како мали гледавме во облаците и замислувавме дека ни се појавуваат некои ликови или предмети, така имагинативноста може да ни открие нови форми на сѐ што нѐ опкружува.rnrnФранцускиот артист Жилбер Лугран отишол еден чекор понатаму и наместо да му остава на гледачот да замисли на што го инспирира некој обичен предмет, тој му сервира забавен лик во кој гледачот треба да се подзагледа за да открие врз кој предмет е всушност искреиран.rnrn
rnrn rnrnДодавајќи боја и други ситни елементи како раце и нозе, тој ги претвора обичните ножици во заљубен пар, отворачот за вино во услужлив келнер, вентилот од тоалетот во девојче кое ја користи шолјата за нужда.rnrn
rnrnКреациите на Лугран се паметни и истовремено многу живи. Тој ги претвора едноставните предмети кои секојдневно нѐ опкружуваат во сосема нови креации на кои им дава, живот, карактер и душа.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


















