3 вкусни грицки за „лапање“ без грижа на совест

Сподели

Додека седиме пред телевизорот, често сакаме нешто да грицкаме, па обично посегнуваме по купечките чипсови кои секако носат низа нус појави од кои некои ќе станат брзо видливи околу стомакот и на колковите. За да ги избегнете овие последици, а сепак да уживате во гледањето телевизија, подгответе здрави грицки. Потребни ви се само основни состојки и вашите омилени зачини за да ги претворите во незаменлива закуска, која ќе сакате редовно да ја приготвувате. Еве 3 супер рецепти.rn

Реклама

1. Чипс од кељ

rnДоволно солена и нискокалоричена закуска, а сепак многу поздрава алтернатива на чипсот од компир, оваа грицка потекнува од Америка и веќе е прогласена за суперхрана. Изобилува со антиоксиданси, влакна и омега 3 масни киселини.

rn

Начин на подготовка:

rnИзмешајте 2 лажици јаболков оцет со 2 лажици маслиново масло и со тоа прелијте ги издвоените ливчиња кељ. Распоредете ги листовите на мрсна хартија и ставете ги во рерна на 175 степени Целзиусови. Сушете ги 10-ина минути додека рабовите не станат малку кафеави. На крајот посипете малку сол.rn

2. Печен наут

rnНаутот се вбројува во најздравите намирници на светот, тој содржи голема количина на диететски влакна, што го прави скапоцен за здравјето на срцето и системот за варење. Содржината на растворливи влакна го прави одлична намирница која помага и во одржување на здравото ниво на шеќер во крвта, исто така е и важен извор на белковини и одличен избор во улога на закуска.

rn

Начин на подготовка:

rnПотопете ја саканата количина наут и оставете ја преку ноќ. Потоа исцедете ја водата и во нова вода варете ја околу 10 минути. Сварениот наут процедете го, исушете го и додадете му маслиново масло. Ставете го во тепсија обложена со мрсна хартија и печете околу 40 минути на 180 степени Целзиусови. Кога ќе се испече наросете сол, бибер и други зачини по избор како чили, босилек и сл.rn

3. Пуканки

rnПуканките се здрава алтернатива на чипсот и крекерите. Освен што се богати со полифеноли и имаат малку калории, пуканките и се и целозрнести житарки. Конзумирањето повеќе целозрнести житарки е поврзано со намален ризик од срцеви болести, дијабетес и некои видови рак.

Но, треба да се внимава при изборот на пуканките бидејќи не се сите здрави. Некои кои се наменети за подготовка во микробранови се натопени со путер и содржат вештачки или нездрави состојки.

rn

Начин на подготовка:

rnКако најздрав начин за нивна подготовка се препорачува ставање на целите зрна во тенџере и додавање неколку капки масло како што тоа го прават нашите баби. Вкусот на пуканките може да се збогати со пармезан или чили.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира