5 модни комбинации за првиот состанок и впечатокот кој со нив го оставате

Сподели

Автор: Софија Сионова

Реклама

Првиот состанок често знае да биде многу стресен и напнат, односно оние неколку часа претходно кога се подготвувате. Веројатно целата облека се простира од креветите до подот, шминката е расфрлана насекаде и не можете да го најдете соодветниот пар обувки. Но сѐ што ќе облечете зборува во ваше име и открива што очекувате од состанокот. Ова се 5 модни комбинации и нивното значење:

rn

1. Здолниште со старки

rnСо оваа комбинација сакате да кажете дека сте релаксирани и уживате во непознатото. Исто така имплицирате дека сте биле во потрага по совршениот фустан, но кога сте го пронашле, за да го купите би морале да продадете бубрег.

rn

2. Фармерки и маичка со деколте

rnОткако ги пронајдовте најтесните фармерки и маичката со деколте, вашата облека сака да каже: „Не носам фустан и ми се допаѓа машкоданскиот изглед. Но имам гради. Погледни во нив. Да, имам прекрасни гради.“ И веројатно го носите ова секогаш кога сте на состанок бидејќи е одличен спој од ноншалантност и сексапил. Ја пронајдовте совршената комбинација, па зошто би ја менувале?

rn

3. Макси фустан

rnНе се плашите да ризикувате и тоа е во ред. Во светот на модата комфорот е од суштинско значење. Затоа не морате да се мачите со тесни фустани и неудобни потпетици. Колку ви е поудобно во облеката, толку ви е поубав состанокот. А тој ќе биде уште повеќе привлечен од позитивната енергија.

rn

4. Мало црно фустанче и потпетици

rnОсвен ако одите на бал или на некоја екстремно важна вечера, овој изглед имплицира дека премногу се трудите. Иако ова е вашата магична комбинација со која мамите воздишки, освен ако типот со кој излегувате не е целосен кретен, овој изглед нема да ви донесе втор состанок и поголеми шанси кај него. И веројатно само сте барале добар изговор за малку шопинг.

rn

5. Фустан на преклоп

rnОвој фустан зрачи со елеганција, префинетост и класичност. Кога би го носеле овој фустан сакате да кажете дека не толерирате глупости и дека го заслужувате најдоброто од најдобрите. Дестинацијата за овој фустан е на некое место каде одат само луѓе од повисоката класа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира