Девојките ги сакаат плик чантите бидејќи буквално се вклопуваат во сечиј стил како и пригода. Од женствено и урбано до слатко или пак смело, пронајдете го вашиот стил и погледнете кои плик чанти најмногу ви прилегаат.
rn
Едноставни, мали и еднобојни за минималистите
rnНа девојките кои го преферираат едноставното совршено ќе им прилега мала и еднобојна чантичка. Ваквиот избор им прилега на девојките кои речиси никогаш не комбинираат повеќе од две-три бои во својот изглед и имаат минималистички поглед на животот. Без разлика колку модни трендови ќе се променат и што другите носат, тие ќе се држат до едноставното што е паметен потег бидејќи едноставното и женствено е секогаш ин.
Еве неколку идеи за девојките кои не преферираат ризици дури ни во модата и се држат до сигурното.
rn
Големи плик чанти за урбаните девојки
rnНе само што се практични бидејќи со себе може да понесете повеќе работи, туку се и навистина кул. Совршени за урбаните девојки кои ја следат модата и одлично се вклопуваат во кежуал изглед, фармерки, широки блузи и џемпери. Може да одберете еднобојни или големи плик чанти во неколку бои.
Еве што би им се допаднало на кралиците на урбаниот стил.
rn
Впечатливи бои, форми и принтови за оние кои не се плашат да бидат свои
rnЧантички во форми на був или книга на пример, се одлични за девојките кои обожуваат да го вклопат своите омилени предмети или животни во својата гардероба. Исто, ацтеки стилот или племенскиот стил совршено прилегаат на едноставна комбинација бидејќи ја разбиваат монотонијата. Во зависност од материјалот и дезенот, овие плик чанти може да се вклопат во секакви комбинации од секојдневен до свечен изглед.
Еве неколку идеи за неконтроверзните девојки кои не се плашат да остават свој белег во секоја модна комбинација.
rn
Чанти со прстени за смелите девојки
rnСмели, но и практични овие чанти ви даваат две во едно: чанта плус прстени, па после речете дека оние кои ја следат модата не може да бидат економични. 🙂
За девојките кои обожаваат големи и впечатливи парчиња накит кои привлекуваат внимание во инаку едноставната комбинација.
rn
Пастелни бои и училишен стил за слатките девојки
rnИако завршила учебната година ќе одберат мали чантички во форма на училишен ранец. Пастелните бои се одлични за слатките и мирни девојки кои неретко ќе ги видите како носат маички со принтови од ликовите од детските цртани филмови.
Еве што им прилега на слатките и нежни девојки.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

