КАФЕ ПАУЗА

4 ладни салати со тестенини

4 ладни салати со тестенини

Разгледајте ги овие неколку рецепти за салати со тестенини кои се многу вкусни кога се ладни, а и брзо ќе ве најадат.rn

Салата со тестенини, домати, тиквички и сирење

rn4 ладни салати со тестениниrn

Потребни состојки за 6 порции:

rn

    rn011

  • 400 грама тестенини
  • rn011

  • 2 лажици маслиново масло
  • rn011

  • 1 лимон (или повеќе ако сакате)
  • rn011

  • 300 грама шери домати, исечкани на половинки
  • rn011

  • 2 тиквички, исечкани на коцки
  • rn011

  • 200 грама изронето фета сирење
  • rn011

  • магдонос
  • rn011

  • сол и бибер
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСварете ги и исцедете ги тестенините. Додајте им маслиново масло цеден сок и рендана кора од еден лимон, сол и бибер. Измешајте, а потоа додајте ги тиквичките, доматите, магдоносот и фета сирењето. Измешајте уште еднаш и оставете ја салатата во фрижидер неколку часа.rn

Салата со тестенини, песто и грашок

rn4 ладни салати со тестениниrn

Потребни состојки за 4 порции:

rn

    rn011

  • 300 грама тестенини
  • rn011

  • 200 грама замрзнат грашок
  • rn011

  • 50 грама босилек или нане
  • rn011

  • Едно големо чешне лук, исечкано
  • rn011

  • 50 грама пармезан
  • rn011

  • 3 лажици испржени јаткасти плодови
  • rn011

  • 3 лажици сок од цеден лимон
  • rn011

  • 100 мл маслиново масло
  • rn011

  • Сол и бибер
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnЗа да го направите песто сосот, во блендер ставете ги босилекот, лукот, јаткастите плодови, пармезанот, и лимонот. Убаво изблендајте, а потоа додајте го маслиновото масло и сол и бибер по вкус. Потоа во голем сад ставете ги подготвените тестенини, грашокот и сосот. Добро измешајте и оставете во фрижидер за добро да се олади.rn

Салата со тестенини, краставици и фета

rn4 ладни салати со тестениниrn

Потребни состојки за 4 порции:

rn

    rn011

  • 300 грама тестенини
  • rn011

  • 2 лажици маслиново масло
  • rn011

  • Сок и кора од еден лимон
  • rn011

  • Една голема краставица, исечена на коцки
  • rn011

  • 50 грама изронето фета сирење
  • rn011

  • Една лажица нане
  • rn011

  • Една лажица магдонос
  • rn011

  • Сол и бибер
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnСварете ги тестенините и само додајте ги сите состојки. Измешајте и оставете во фрижидер за да се излади.rn

Салата со тестенини и крем од авокадо

rnrn

Потребни состојки за 2 порции:

rn

    rn011

  • 250 грама сварени тестенини
  • rn011

  • Половина презреано авокадо
  • rn011

  • Половина лимон (или повеќе, зависно од вашиот вкус)
  • rn011

  • 5 ливчиња нане
  • rn011

  • ½ лажица сол
  • rn011

  • ½ лажица бибер
  • rn011

  • ½ лажица маслиново масло
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnНа една страна згответе ги тестенините, а на друга во блендер ставете ги сите останати состојки и мешајте додека добиете хомогена смеса. Потоа само додадете го сосот врз тестенините, добро измешајте и изладете во фрижидер.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.