Често чувствуваме потреба да се објаснуваме себеси и често другите излегуваат со барање да дадеме отчет за нашите постапки и избори. Иако понекогаш мислиме дека треба да се објасниме себеси за другите да нè сфатат, прифатат и сакаат, не значи дека навистина има потреба од тоа. Ова се 15-те нешта за кои мислите дека некому му должите објаснување, но не е така. Колку повеќе време трошите објаснувајќи се себеси на луѓето кои секако не ве слушаат вистински, толку помалку време ви останува да го живеете животот како што сакате.
rn
1. Објаснување за тоа каде живеете
rnБез разлика дали сте завршиле факултет, а сè уште живеете со родителите, живеете со момчето/девојката или според нечие мислење прерано сте се иселиле од дома, луѓето ќе најдат причина да озборуваат и да ги критикуваат вашите одлуки. Немате апсолутно никаква обврска да објаснувате каде живеете, кому му плаќате кирија и зошто сте се одлучиле на такво нешто.rn
2. Објаснување за вашите приоритети
rnВие имате свои цели, соништа, идеи, интереси и желби. Вие знаете што е најдобро за вас и што ве прави среќни. Не треба да живеете за да му угодите некому бидејќи факт е дека колку и да се трудите никогаш нема да го постигнете тоа.rn
3. Не сте должни да се извините доколку не ви е жал
rnАко не се каете за вашите постапки и ако мислите дека сте постапиле правилно, без разлика што другите мислат вие никому не му должите извинување.rn
4. Објаснување за вашата потреба да бидете сами
rnТоа што ви треба време да се одморите и да ги разбистрите мислите е сосема нормално. Другите вашата потреба да се повлечете и да бидете сами може да ја протолкуваат како недружељубивост, асоцијалност, дури и дрскост. Но, секому му е потребно малку време самиот со себе.rn
5. Не сте должни да се согласите со нечии ставови
rnНаместо да кимате со главата и да слушате нечии мислења, ставови и теории кои ве „вадат од кожа“, имате право културно да не се согласите. Секој има право на свое мислење. Без разлика за кого станува збор, никој не смее да ви ги наметнува своите мислења.rn
6. Не сте должни секогаш да одговарате со „да“
rnЗа некого најтешката работа на светот е да одбие нечие барање. Токму неспособноста да речете „не“, за жал, ќе им дозволи на многумина да ве искористат. Не сте должни да му угодувате некому со цел да ве сака и почитува. Доколку навистина немате време или пак доколку знаете дека таа личност е користољубива и никогаш не би го направила истото за вас, имате целосно право, ако не и обврска, да речете „не“.rn
7. За вашиот изглед
rnНа другите не треба да им е грижа дали сте ниски, високи, слаби или дебели, ниту пак треба да им е грижа како се облекувате. Факт е дека никој не е совршен и дека кога секој од нас повеќе би се гледал себеси наместо другите, светот би бил многу поубаво место.
rn
8. За храната која ја консумирате
rnОдредена храна не консумирате поради проблеми со здравјето или поради тоа што едноставно не ви се допаѓа. Не сте должни да објаснувате што јадете, што не и зошто е така.rn
9. За вашиот љубовен живот
rnДали имате љубовен партнер или не, колку партнери сте смениле и какви одлуки во љубовта сте донеле е ваша работа и тоа многу интимна. Вашата сосетка се интересира за вашиот љубовен живот за да си пополни време, не затоа што ѝ е грижа за вас, така што не се оптоварувајте со потребата да се објаснувате себеси.rn
10. Објаснување за изборот на вашата кариера
rnИзборот на кариерата е можеби една од најтешките одлуки во животот. Некогаш кариерата ќе ве условува да немате многу време за себе и за свој личен живот. Зошто сте одбрале одредена кариера, а не друга е ваша работа и сè додека го следите срцето и знаете дека сте одлични во она што го работите, вие сте на правиот пат.rn
11. За вашата религиска или политичка определба
rnНикому не му должите објаснување за тоа какви сте или во што верувате. Тоа е ваша определба, а не нивен проблем.rn
12. За тоа што сте сингл
rnВаш е изборот дали ќе бидете сингл или во врска. Најлошото нешто што може да го направите е да останете во врска само за да не бидете сингл и да не ве озборуваат луѓето. Важно е како се чувствувате и што ви треба во моментот, а не што другите мислат за вашиот љубовен статус.rn
13. Не сте должни да прифатите понуда за состанок доколку не ви се допаѓа личноста
rnБез разлика колку некој е упорен, доколку не ви се допаѓа не сте должни да излезете на состанок само бидејќи ве поканил.rn
14. За вашите гледишта за бракот
rnДали сакате да се омажите/ожените или не, дали ќе го направите тоа во вашите 20-ти или 30-ти е ваш избор. Бидејќи никакви правила во врска со бракот и со имањето деца не се пропишани со закон, слободни сте да се држите до своето мислење.rn
15. За луѓето кои ги одбирате како ваши најблиски
rnСите ние во текот на животот одбираме луѓе кои ќе влезат во кругот на нашите најблиски. Неретко кругот на нашите блиски се менува. Некој можеби ќе има негативно мислење за вашите врски со одредени личности, но тоа не значи дека треба да ги прилагодите вашите избори со нечии интереси и мислења.

