Кога дождливото време е дел од пролетните денови, не очајувајте и пробајте да си го кренете расположението со неколку свежи модни детали. Еве 7 предлози кои ќе ви помогнат да внесете малку ведрина и во најтмурните, дождливи денови.rn
1. Чевли во свежа боја
rn
rnrnНајкласичен начин за внесување на повеќе боја во секојдневниот изглед се чевлите. Црвени, сини, жолти, балетанки или штикли, па дури и металик нијансите, може да бидат вистинско освежување, особено кога облеката што ја носите е во темни и монохроматски тонови.rn
2. Чанта во јака боја
rn
rnrnНосењето на чанта, во јака, впечатлива боја е многу побезбеден начин за постигнување на истиот ефект. Најдобар избор се чантите со едноставни и чисти линии, како плик чантите или пак големите торби.rn
3. Масивен накит
rn
rnrnОгромен хит оваа сезона е повторно масивниот накит, кој е многу впечатлив и уметнички. Особено тренди се гломазните ланци, како и покомплексните парчиња накит инспирирани од aцтеки стилот. Секако, поелегантните и класични варијанти секогаш функционираат.rn
4. Реси
rn
rnrnРесите се враќаат во мода и ги разигруваат чевлите, чантите како и другите делови од гардеробата. Затоа, одберете некоја чанта со ваков моден детаљ и подобрете си го расположението без разлика на времето.rn
5. Светкав накит
rn
rnrnКога надвор е облачно и нема многу природна светлина, ставете некој скапоцен камен, кој позитивно ќе влијае на вас. Доколку не сте во можност да поседувате вистински скапоцени камења, одлучете се за природните, како кварцот и цирконот, кои не се многу скапи, а сепак ќе завршат работа.rn
6. Интересни прстени
rn
rnrnВо изминатиов период особено популарни беа масивните прстени или носењето на повеќе мали различни прстени на целата рака. Овие уникатни трендови сѐ уште важат, па зошто да не си поиграте со боите и стиловите и не уживате во убавото расположение?rn
7. Марами во најразлични бои
rn
rnrnДождливото и променливо време во пролет е одлична шанса за разигрување на изгледот со марама во свежа боја. Одберете марама од летен материјал, како лен, памук или свила. Ќе изгледате лежерно, а сепак толку фенси.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.