4 трикови кои ќе ви помогнат да го доловите стилот на Анџелина Џоли

Сподели

Анџелина Џоли е препознатлива по својот едноставен, а сепак толку софистициран стил. Преку минимализмот што го применува во облекувањето, успева уште повеќе ја истакне својата природна убавина. Па, зошто да не примените некои од нејзините модни тактики во вашиот стил? Еве 4 трикови кои ќе ви помогнат да го постигнете таквиот изглед.rn

Реклама

Неутрални тонови

rnЛесно може да се забележи дека Анџелина Џоли ги преферира неутралните бои како црната, белата, бледокафеавата или сивата. Иако тоа не значи дека немала појавувања во посмели нијанси и впечатливи шари, сепак ретко отстапува од својот препознатлив неутрален стил. Овој стил секако си има свои предности. Парчињата облека во вакви бои дозволуваат нивно полесно комбинирање, а сепак истовремено се постигнува поголема доза на класика, софистицираност и среденост.rn

Совршен баланс

rnАнџелина Џоли внимава на тоа облеката што ја носи да оддава впечаток на убаво осмислено и балансирано комбинирање. Тесните панталони ги носи со широка блуза или џемпер за да постигне совршен баланс. Дури и кога џемперот е поголем конфекциски број, изгледа како да е скроен токму како за неа.rn

Костими

rnАнџелина Џоли никогаш немала страв од тоа да биде единствената во костим, во морето од гламурозни фустани на црвениот тепих. На Оскарите, во 2001-та година, се појави во одлично сошиен бел костум и тоа е стил, кој до ден-денес сѐ уште го фаворизира. Или пак, нејзиното појавување во преубавиот костим на Сент Лорен оваа година. Не само што се издвои од мнозинството, туку во „машкиот“ стил го надмина дури и сопругот Бред Пит.rn

Накит: Помалку е повеќе

rnКога станува збор за накитот, Анџелина Џоли го почитува правилото „помалку е повеќе“. Таа секогаш одбира едно впечатливо парче, кое е моќно и софистицирано. Таков беше случајот со Оскарите во 2009-та година, каде носеше смарагдни обетки од Лорејн Шварц, во вредност од 2,5 милиони долари. Во комбинација со едноставниот, црн фустан од Ели Сааб, обетките ненаметливо доаѓаа до израз и се вклопуваа одлично со целокупниот изглед.

За краj, една од најдобрите работи во врска со стилот на Анџелина е тоа што не мора да имате којзнае колку пари, за да примените некои од овие трикови во вашиот стил, барем не кога станува збор за накитот. Ваквиот изглед може лесно да се постигне доколку избирате облека од квалитетни материјали во неутрални тонови и минималистички накит. Ќе зрачите со софистицираност и едноставно ќе изгледате одлично.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира