Планирањето на трошоците за патување, покрај за транспортот, секогаш се врзуваат за цените на хотелите и рестораните. Секогаш изгледаат скапо и одвраќаат многумина од намерата да патуваат некаде. Сепак, суштината на патувањето не е во купувањето комфор, туку во доживувањето на новата средина која ја посетувате. Тоа е она што носи возбуда и што остава спомени. Не се тоа преценетите хотели и ресторани кои својата услуга ја наплатуваат според пазарната логика, а не според она што вистински го нудат. Факт е и тоа дека ручек во традиционален ресторан може да му додаде вредност на доживувањето, но не мора сите оброци да ви бидат такви.rnrnВо продолжение ви претставуваме неколку алатки со чија помош можете вашиот престој во странство да го направите евтин.rnrn
rn
1. Краток престој
rn
Каучсурфинг
rnВеќе пишувавме за каучсурфингот, веб-сервис кој го смени начинот на патување во светот. Доколку не сте запознаени со тоа, се работи за можност да престојувате како гостин кај некого кој може да ви го понуди своето гостопримство преку својот кауч и времето кое може да го помине со вас покажувајќи ви го градот. Тоа најчесто не е комфорен начин на патување. За него потребен ви е малку авантуристички дух, отвореност и желба за запознавање на нови луѓе и култури. Имајте предвид дека каучсурфингот не е само можност за бесплатен престој, туку начин на запознавање на нови луѓе и култури, така што не би требало да го злоупотребувате ако не ви е дојдено до дружба со вашите гостопримливи домаќини.rnrnПрочитајте поопширно за каучсурфингот.rnrnCouchsurfing.com е најпопуларниот светски сервис за размена на гостопримство, но не и единствен. Покрај него можете да ги проверите и HospitalityClub.org и BeWelcome.org. Тие имаат помалку членови, но ако не успеете да најдете ништо на Каучсурфинг, можете да се обидете и таму. Доколку сте велосипедист кој ужива во долги велосипедски тури, користете го Warmshowers.org. Тоа е сервис во кој велосипедистите на долги патеки меѓусебно си помагаат на начин што на своите колеги им го нудат својот кауч и дом, или само топол туш додека се на поминување.rnrn
rn
ЕрБнБ
rnЕрБнБ овозможува да изнајмите соба или цел апартман за помалку пари од вообичаеното. Не ги изнајмувате од какви било агенции, туку од обични луѓе. Кога некој има вишок соба или цел стан и сака да го издаде на туристи, тој тоа може да го огласи на ЕрБнБ со цел да дојде во контакт со оние на кои им е потребно сместување. Препорачливо е да го користите овој метод кога патувате барем двајца или пак во поголема група, затоа што цената секогаш е фиксна за собата или станот, така што трошоците се делат. Некои од сопствениците одлучуваат дека својот простор ќе го издаваат за одреден број луѓе и наплатуваат за секој дополнителен човек, додека пак други не ги интересира колкумина престојуваат внатре сѐ додека го добиваат својот фиксен надомест.rnrnЦените многу варираат во зависност од квалитетот што го добивате. Сепак, возможно е да се најде цел стан за двајца за околу 30 евра за една ноќ во Прага, што би било 15 евра по човек и е поевтино од хостел. Во центарот на Париз може да најдете сместување за 250 евра неделно, што поделено на двајца излегува по помалку од 20 евра за еден човек, додека нема шанси да добиете таква цена во хостел во истиот град.rnrn
rn
Хостел
rnДоколку немате друг избор, а имате и нешто повеќе пари за трошење, хостелите се доста добра опција, иако не се и најевтината. Можете да одберете соба за еден или за двајца, но ако сакате да поминете поевтино тогаш препорачливо е да одберете кревет во една од оние големи спални во кои престојуваат и по повеќе од десет луѓе. Двата најдобри пребарувачи на хостели во светот се hostelworld.com и hostels.com.rn
Кампување
rnАко цел за вашето следно патување е некој преубав дел од природата, размислете за кампување. Кампувањето на диво надвор од означените кампови речиси секаде е илегално, но се толерира. Доколку сакате да бидете сигурни можете да одите во камп, но ќе треба да издвоите некоја сосема мала сума пари која се определува по ноќевање. Дури и во поскапите западноевропски земји тие цени често пати се под 10 евра за една вечер.rnrn
rnrn