После ова никогаш повеќе нема да гледате исто на фотографиите „пред и потоа“
Во 2013 година, Тарин Брамфит, фотографка и мајка на три деца, го мразела своето тело. Размислувала за липосукција и импланти на градите кога наеднаш сфатила дека не сака да им ја пренесува таа негативна слика за себеси на своите ќерки. „Како ќе ја научам Микаела да го сака нејзиното тело кога нејзината мајка не може да го стори истото?“, пишува таа на нејзиниот сајт Body Image Movement.
Така, имајќи ги на ум своите ќерки, во мај, 2013, таа направи револуционерна „пред и потоа“ фотографија која инстантно доби милиони кликови. Наместо да видиме полничка жена која ослабела, Брамфит избрала фотографија од себеси од периодот кога тренирала за натпревар во бодибилдинг за „пред“ и фотографија од себеси откако родила за „потоа“.
Брамфит сега собира пари за документарен филм наречен EMBRACE, низ кој сака да го испита потеклото на модерната култура на жените кои чувствуваат презир кон сопственото тело.
За среќа таа не е сама, туку е дел од поголемо движење кое се грижи да ги прикаже вистинските жени во време кога телото по пораѓај е ставено под микроскоп и магазините се преполни со успешни приказни за слабеење поткрепени со впечатливи „пред и потоа“ фотографии, на кои на десната страна секогаш гледаме мазни, затегнати тела со тонирани мускули.
Погледнете го инспиративното видео на Брамфит и потоа погледнете се во огледало. Со кој еден збор вие би го опишале своето тело?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.