Игра со шари: 6 совети за комбинирање различни дезени

Сподели

Автор: Софија Сионова

Реклама

Жените се познати по тоа што купуваат сѐ што треба, но и сѐ што не треба. Блузи, јакни, пантолони, па дури и најапсурдни работи под изговорот „немам вакво“. Тука некаде се и принтовите кои се едни од најкомплексните за комбинирање. Кога го користиме принтот, ние практично зборуваме преку нашата облека, но сепак она што го кажуваме може да биде и застрашувачко. Затоа треба многу внимателно со принтовите…

rn

1. Без брзање

rnПрво одберете дезенирано парче со кое сметате дека ќе привлечете внимание. Тоа е вашата почетна точка. Потоа, поставете ги сите можни опции околу него и оттука продолжете со комбинирање.rn

2. Почнете со ригите

rnОваа основна и лесно засаклива шара е добра за сите. Иако ригите создаваат зголемено влијание во комбинација со еднобојно парче, нивната едноставност сепак може да ги придуши неонскиот цветен и војничко инспирираниот дезен.rn

3. Вмешајте ги додатоците

rnУште еден добар совет во оваа игра е да започнувате полека. Наместо да брзате со носење на две парчиња со различен дезен, пробајте една помала апликација на поголемо парче облека (пример: црно-бело здолниште со графички елементи) и неговиот соодветен партнер, но во помало издание (пример: разнобојни сандали) Придушување на здолништето и сандалите е постигнато со минимално разголување на кожата.

rn

4. Останете во истата палета на бои

rnПри мешањето исклучително важно е да не спојувате бои кои премногу се разликуваат. Изедначувањето на боите подобро ќе ги истакне и двата принта. Правилото на овој метод е барем една иста боја да се сретнува и на двете парчиња од облеката.rn

5. Спојте ги спротивностите

rnСите знаеме дека спротивностите се привлекуваат, а ова златно правило се применува и кај дезените. Започнете со мрежна шема, а потоа надополнете го изгледот со релаксирани цветни пантолони. Втората опција е ситен кариран дезен во комбинација со дезен инспириран од арапските земји. Сѐ додека целите кон хармоничен баланс, ова дуо е пар од соништата.

rn

6. Ризикувајте

rnСпојувањето на различните текстури и шари треба да биде интересно. Техниката привлекува љубопитни погледи и гарантира позитивен впечаток. Ако сте доволно самоуверени излезете од вашата комфорна зона и склопете понеобичен изглед. Одлична варијанта се двата класици – пепито и риги, плус посуптилна форма на плико чантичката со модерен леопардов принт – ќе изгледате софистицирано и елегантно. Повторно, клучот се наоѓа во балансот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира