Фризура: извртени плетенки во пунџа во само 4 чекори
Оваа фризура е совршена за на свадба, но дури и за обичен ден кога едноставно сакате средена коса. Лесно ќе ја направите сами во 4 чекори. Погледнете како.
Израмнете ја косата со еден потег со пегла за коса. Нанесете средство за сјај на косата и потоа поделете ја на двете страни.
Косата од десната страна поделете ја на два еднакви дела и извртете ја така што ќе личи на плетенка (како што е прикажано на сликата). Кога ќе стигнете до краевите, зацврстете ја плетенката со ластиче за коса.
Истата постапка повторете ја и на другата страна.
Земете ја едната плетенка и извртете ја во елипсовидна форма, (како што е прикажано на сликата). Зацврстете ја со шнолички и истото повторете го со другата плетенка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.