Направете си сами систематски преглед за 60 секунди

Направете си сами систематски преглед за 60 секунди

Вашето тело е како карта од која можете да прочитате многу нешта. Само 60 секунди се доволни да откриете во каква состојба е вашиот организам. Проучете ги вашите дневни рутини и направете краток домашен систематски преглед со помош на неколку важни проверки.

napravete-si-sami-sistematski-pregled-za-60-sekundi-kafepauza.mk

Погледнете си ги очите

Белката може да открие многу нешта за вашето здравје. Таа треба да е чисто и бистро бела. Црвенилото го предизвикуваат ситни крвни садови кои од одредена причина се прошируваат и стануваат видливи, но во некои случаи, белката може да стане и жолта.

Тест: Седум дена по ред на дневно светло набљудувајте ја белката. Ако бојата се менува, тоа може да е резултат од ненаспаност, иритација, алергија или напор, но ако останува непроменета, побарајте помош од лекар.

Погледнете ја својата четка за коса

Паѓањето на косата може да биде показател на широк спектар на промени во организмот.

Тест: Ако на четката по чешлањето забележите многу повеќе влакна од вообичаено, исчистете ја четката и при следното чешлање пребројте ги влакната. Нормално е да се губат околу 100 влакна на ден, но ако бројот надминува 200 или пак доколку косата ви паѓа во купови, време е да се консултирате со доктор.

Издувајте го носот

Нормалното дишење го подразбира дишењето на нос и нормалната состојба на слузницата во носот. Но, и најмала промена во организмот, може да ја промени таа состојба.

Тест: Издувајте го носот во бело хартиено марамче. Ако не издувавте ништо, вашата слузница е здрава. Ако издувавте течна проѕирна слуз, најверојатно се работи за иритација, промена на температурата или алергија. Жолтеникавата и зеленикавата слуз се знак за некој вид воспаление кое треба да се следи од стручни медицински лица.

Погледнете си ги ноктите

Здравите нокти се цврсти, бистри и проѕирни. Каква било промена на нивната површина може да биде показател на некој помал или поголем проблем.

Тест: Секој нокт прегледувајте го детално и забележете дали на некој од нив се јавува некаква промена. Белите дамки можат да значат недостаток на витамини и минерали во организмот, додека жолтеникавите може да упатуваат на габична инфекција. Ако забележите вакви или слични промени, бидете внимателни и следете ја состојбата. Ако ситуацијата се влошува или менува, и промената не се губи, веднаш побарајте стручна помош.

Погледнете си го забниот конец

Чистењето на забите со забен конец е важен дел од хигиената на усната шуплина. Но, таквата рутина може да биде и показател на некои поголеми промени во устата.

Тест: Со парче конец исчистете го просторот помеѓу непцата и забите. Ако забележите крварење не мора да се вознемирувате бидејќи тоа може да биде знак за осетливи непца или пак мали инфекции кои со чистењето може да се решат. Но, ако вашите непца по чистењето со конецот не престануваат да крвават задолжително закажете си преглед кај вашиот стоматолог.

Погледнете ја својата мокрача

Нормалната боја на урината е бистра светложолта. Но, промените во урината може да бидат предизвикани од мноштво фактори како што се храната, пијалаците и некои здравствени тегоби.

Тест: Ако забележите потемна, па дури и зеленикава мокрача при првото мокрење наутро, тоа не е страшно, бидејќи таа станува поконцентрирана во текот на ноќта. Ако ви е редовно таква, треба да пиете повеќе течности, а ако ви е бела, веројатно имате некаква уринарна инфекција и треба да појдете на лекар.

Погледнете ја својата кожа

Ракот на кожата е втората најчеста болест кај жените помеѓу 20 и 29 години. Затоа прегледот на телото е многу важен.

Тест: Прегледајте ја детално кожата и тоа од лицето и вратот, па сѐ до стапалата. Ако забележите некои необични промени или нови младежи, дамки или депигментација, побарајте совет од лекар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар