Животните предизвици на хороскопските знаци

Животните предизвици на хороскопските знаци

Лавовите се како витези, Девиците се сонувачи, Скорпиите се свесни за своите можности. Кои се вашите животни предизвици? Проверете што ве кочи, а што ве мотивира.

zhivotnite-predizvici-na-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Овен

Иако е огнен знак, претприемачкиот овен ужива во животната борба како риба во вода, бидејќи сака предизвици, неочекувани пресврти и натпреварувања, и тоа баш со оние кои би сакале да се фатат со нив во костец. Што повеќе некој се обидува да го совлада импулсивниот Овен, тоа повеќе тој ќе станува внимателен и ќе смисли начин како да возврати – понекогаш со убаво, но понекогаш и служејќи се со не многу позитивни методи. Во секој случај, тој мора да излезе како победник.

Бик

Животот е убав и таков треба да го живееме секогаш кога е тоа возможно, а кога не е, тогаш трпеливиот хедонист ќе ја покаже неразделната особина од својот карактер која се вика упорност. Заради таа особина, тој умее да се бори и да создаде бајковит амбиент за себе и за оние кои ги сака, бидејќи тогаш е вистински мотивиран. Кога ќе западне во финансиска криза, Бикот најмногу би сакал да го преспие тој период, но наместо тоа, обично се снаоѓа и секогаш наоѓа решение.

Близнаци

За нив животот е воглавно игра, па интелигентните Близнаци пливаат низ животните бури многу вешто. Тие се како мачки – секогаш застануваат на сите четири нозе. Умеат убаво да си го организираат животот, па околината често им завидува, а умеат и пресметано, без многу напори да се изборат за својот дел од колачот без разлика дали се работи за кариера или за љубов. Во суштина, тие се плашат од неуспех, но тој страв го прикриваат со вродената духовитост.

Рак

Кога животот би бил бајка, би било најубаво, а егоцентричните Ракови работат на тоа така и да биде бидејќи се големи конформисти. Умеат да се скријат и да се тргнат настрана кога е густо, но кога е потребно, знаат и да се заинатат. Многу се упорни, но таа особина ретко ја користат бидејќи секогаш некој се наоѓа да им помогне, па немаат потреба да се мачат. Сѐ додека имаат поддршка од блиските роднини или пријатели, немаат ни намера, а ни потреба самите да се борат.

Лав

Детинестите Лавови сакаат бајки, па можеби затоа умеат да се борат како вистински витези. Тешко некој ќе ги надмудри или ќе биде подобар од нив, бидејќи Лавовите се створени за да владеат со другите и подготвени се на големи жртви и одрекувања само за да стигнат до она што им е главна цел во животот – одговорна позиција. А кога еднаш ќе успеат, тешко некој ќе може да ги исфрли од тронот.

Девица

Девиците по малку се колебаат пред животните предизвици, но само затоа што точно знаат што сакаат и како да се изборат за она што го сакаат. Убаво е да се сонува, но од тоа нема конкретна корист, а ни помош, па Девицата се обидува да ги предвиди сите можности и она со што би можела да се соочи. Не сака изненадувања, а доколку работите почнат да ѝ се извлекуваат од контрола, неретко може да ја обземе бес.

Вага

За Вагите животот е борба во која таа вешто се снаоѓа благодарејќи на познанствата и врските со истакнати и влијателни личности. Со оглед на тоа колку Вагата сака да доминира и да зема од животот најмногу што може, таа е подготвена на компромиси и жртвувања, но често се случува да ги помеша работите, па со срцето влегува во професионалните битки, а со разумот во љубовните. Најмногу сака да се пробива во животот заедно со успешен партнер, но ако го нема вистинскиот, ќе се бори сама.

Скорпија

Самоуверената Скорпија точно знае што сака од животот и како тоа да го постигне. Свесна е за своите можности и воглавно сѐ држи под контрола. Како еден од најголемите борци во зодијакот, ладнокрвно реагира во неочекувани ситуации. Своите намери не ги открива, пред да го направи она што го наумила, а бидејќи ништо не може да ѝ се провлече покрај остроумното око, секогаш е еден чекор пред своите противници.

Стрелец

Амбициозниот и љубопитен Стрелец, во животот се пробива со разумот и логиката, но бидејќи е голем фантазер, му се случува да се лизне од колосекот и да одлута во некоја љубовна бајка. Но, со оглед на тоа дека најмногу ја сака својата независност, брзо се враќа на патот кој си го зацртал во животот. Ако доживее пораз, лесно се опоравува и продолжува понатаму бидејќи е практичен, а дарбата за полемика го извлекува од непријатните животни околности.

Јарец

Контрадикторниот Јарец повеќе е свесен за своето знаење отколку за себе како личност, што често го успорува во животот, но бидејќи е многу амбициозен, подготвен е да работи напорно за да го добие заслуженото признание. Борбата е составен дел од неговиот живот, па со што и да се занимава, тој мора да биде успешен. Но, исто така цел живот ќе сонува за голема љубов и ненаситна страст која ретко ја доживува бидејќи се плаши од разочарувања и разоткривање на неговите длабоки чувства.

Водолија

Недостижната и дрска Водолија смело чекори низ животните битки не плашејќи се од ништо, освен од една работа – губење на својата независност и потребата да му се објаснува некому. Иако не сака да шефува, често се наоѓа на одговорни работни позиции, бидејќи ја почитуваат, а таа знае да ги пласира своите идеи, па воглавно ги освојува симпатиите на сите. Комуникативна и шармантна, Водолијата сака да ризикува и често се наоѓа во непредвидливи романтични ситуации од кои ги креира своите инстант бајки.

Риби

Флегматични, но и амбициозни, Рибите умеат да бидат многу прилагодливи и практични, најчесто заради заработката, па вешто се пробиваат на кое било работно место, дури и кога работата не ги интересира премногу. Иако се многу креативни, ретко им се пружа шанса да прават нешто за што поседуваат голем талент, но затоа се ненадминливи во љубовта од која знаат да направат бајка во која оние кои ги сакаат ги чуваат како најголема скапоценост.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар