Автор: Ана ПетровиќrnrnСо доаѓањето на топлите денови, омилените панталони заменете ги со здолниште кое ја истакнува вашата градба на телото. Правилно одбраниот материјал, должината и кројот можат многу да придонесат за визуелно издолжување на нозете и намалување на оние несакани килограми. Во продолжение, ви откриваме модели на здолништа кои одговараат на различните облици на телото.rnrn
rn
Крушка – силни колкови и нагласен задник
rnЗдолништата кои се шират и паѓаат од колковите надолу и кои се изработени од лесни материјали, лесно ќе ги намалат силните колкови и бедра. На ваквиот облик одлично прилегаат и молив-здолништата до колена, а мали трик кој визуелно ќе ја издолжи вашата фигура е детаљ од страна на здолништето. Користете потемни нијанси на материјали, а избегнувајте ги балон-здолништата, бидејќи ваквите модели ги нагласуваат бедрата.rnrn
rn
Јаболко – нагласено подрачје околу стомакот
rnАсиметричните кроеви на здолништата можат одлично да го прикријат стомакот и да остават впечаток на поголеми колкови, па токму затоа се идеални за сите жени со ваков тип на градба. Доколку вашиот адут се тенките нозе, одберете здолниште со должина над колената, но без набори и со повисок струк.rnrn
rn
Спортска градба – тенка половина и прави колкови
rnЗдолништата во форма на ѕвонче се одлични за тенките, момчешки колкови бидејќи го оформуваат телото и визуелно му даваат облини. Овој модел можете да го комбинирате со кратки маички до струк или со широки блузи. Макси здолништата во различни дезени се идеални за визуелно создавање на облини, како и слоевитите „џипси“ модели, а избегнувајте рамни кроеви.rnrn
rn
Ситна и ниска градба
rnНа оваа градба ѝ прилегаат тесните, кратки здолништа. Одбегнувајте ги сите кроеви чија должина е под колената, бидејќи ги скратуваат нозете. Доколку имате ваков облик на тело одберете A-здолниште со висок струк, кое ќе го комбинирате со пикнати кошули или блузи.rnrn
