Во серијата фотографии насловена „I Fought The Law“, Оливија Лошер креативно им се потсмева на некои од најапсурдните закони кои важат во САД. Секоја фотографија презентира намерно прекршување на некој закон.rnrnВо Калифорнија никој не смее да вози велосипед во базен.rnrnНекои од овие закони се застарени историски закони, додека други се апсолутна мистерија. Тешко е да се замисли зошто возењето велосипед во базен е нелегално во Калифорнија или зошто не смее да се служи вино во филџани во Канзас. И дали вежбањето за време на возење автомобил било толку голем проблем во Орегон што морале да смислат закон за да го забранат тоа?rnrnВо Алабама забрането е носење сладолед во корнет во задниот џеб.rnrnДруги закони пак се чудни, но имаат историска приказна и се веќе застарени. Таков е случајот со забраната за носење сладолед во корнет во задниот џеб во Алабама бидејќи тоа порано било метод со кој се служеле крадците на коњи. Тие така ги намамувале коњите да одат по нив без воопшто да ги допрат сѐ додека не се „изгубеле“ и на тој начин технички не ги краделе.rnrn