Спектакуларните пештери и карпи на островот Стафа

Спектакуларните пештери и карпи на островот Стафа

Островот Стафа се наоѓа во Шкотска и е познат по неговите уникатни геолошки карактеристики, како што се многуте пештери и чудните форми на базалт (многу тврда вулканска карпа). Овој извонреден мал остров, се наоѓа југо-западно од островот Улва, и е еден од најмалите во надворешните Хебриди.
Спектакуларните пештери и карпи на островот СтафаНајпозната пештера на островот е „Пештерата на Фингал“ (Fingal’s Cave), која се наоѓа во неговиот јужен дел. Големата морска пештера е висока 20 метри и долга 75, а формирана е од шестоаголни базалти.
Спектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаНа почетокот на 18-иот век, островот бил населен и имал околу 16 жители, но нивното место денеска го заземаат морски птици и туристи. Островот станал познат доцна во 18-иот век, кога бил посетен од Сер Џозеф Банкс (познат Британски ботаничар). Тој заедно со неговите придружници биле воодушевени од неверојатната природа и прекрасните базалти, но и од главната пештера на островот која Банкс ја нарекол „Пештерата на Фингал“.
Спектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаОвој остров во историјата бил посетен и од други истакнати личности, како што се кралицата Викторија и принцот Алберт, Жил Верн, д-р Давид Ливингстон, Сер Валтер Скот и други.
Спектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот СтафаСпектакуларните пештери и карпи на островот Стафа


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар