Понекогаш вашиот сексуален живот комплетно зависи од моменталниот партнер, колку ви е добар сексот и претходното искуство. Но, науката не се согласува со ова. Според науката, вашиот сексуален живот е предодреден од неколку лични карактеристики. Една од нив е обликот на телото. Можеби нема да се сложите, но науката знае каков во суштина е вашиот сексуален живот.rnrn
rn
Долги нозе
rnБез разлика кој пол сте, ако имате долги нозе, луѓето ќе паѓаат во несвест по вас. Серозно. Истражувачите од Полскиот универзитет откриле дека луѓето кои имаат за 5% подолги нозе од просечните се сметаат за поатрактивни. Зошто? Едноставно, високите луѓе се доживуваат како поздрави личности од ниските. Сепак, сакаме долги нозе, но не предолги. Оние кои имаат за 15% подолги нозе од просечните не се сметаат за многу посакувани.rn
Големи пениси
rnБи рекле дека мажите со големи пениси немаат никаков проблем, но една нова студија од PLOSOne тврди дека тие се почесто изневерувани од нивните сопруги. Секои 2-3 см плус ја зголемуваат веројатноста дека жената ќе се впушти во вонбрачни партнерства. Па што не чини со поголемиот „алат“? За жените вклучени во истражувањето, понекогаш ова значело поголема болка за време на сексот, па затоа побарале задоволство кај други мажи.rn
Мали гради
rnСтудиите покажуваат дека мажите кои сакаат мали гради преферираат потчинети партнерки. Тие самите се финансиски стабилни и не се многу заинтересирани да станат татковци. Исто така тие не се сексисти како оние кои сакаат големи гради. Зошто мажите некогаш преферираат поголеми гради во однос на помали? Големите гради ги потсетуваат на мајчинството, без разлика дали е ова добро или лошо.rn
Влакнести гради
rnСтудија публикувана во Архивата за сексуално однесување открила дека мажите на кои им недостасуваат влакна на торзото и на градите се сметаат за најатрактивни од страна на жените. Ова важи секогаш освен ако жената немала влакнест татко, во кој случај веројатно повеќе ќе сака влакнести типови. Друга студија има покажано дека мажите хомосексуалци кои се исклучиво пенетрирачи во односот преферираат помалку влакна на градите, додека оние кои само примаат пенетрација сакаат повлакнести мажи.rn
Фигура на песочен часовник
rnИстражувачите откриле дека хетеросексуалните мажи сакаат жени со тело во форма на песочен часовник. Пресметале дека струкот во однос на колковите треба да е во размер 0,7, поточно половината која има обем 70% од обемот на колковите се смета за идеална форма на телото. Ова има врска со перцепцијата за плодноста. Но, за мажите со ваква фигура ситуацијата е многу поинаква. Друго истражување објавено во Списанието за социјална и психологија на личноста, открило дека луѓето ја набљудуваат формата на телото за да определат нечија сексуална ориентација. Така, хомосексуалните испитаници претежно имале помалку соодветна форма на телото во однос на полот, како што се песочниот часовник за мажите и цевкастите тела кај жените.rn
Мал показалец
rnВерувањето дека оние со големи раце имаат и голем „алат“ не значи дека има некаква врска со реалноста, бидејќи по сѐ изгледа мажите чиј показалец е пократок од домалиот прст поверојатно имаат голем пенис. Должината на прстите открива многу за нечиј сексуален живот. Друга студија открила дека мажите кои имаат многу мажествени показалци, но кои се значително пократки од домалите прсти се обично геј. Студијата исто така открива дека лезбејките обично имаат голема разлика во должната на показалецот и домалиот прст во однос на стрејт девојките.rn
Големи колкови
rnАнгелските колкови на Бијонсе сами по себе се доказ дека жените кои поседуваат широки колкови се многу посреќни. Според студија спроведена на Универзитетот во Лидс, жените кои имаат поголеми колкови поверојатно ќе имаат повеќе врски за една ноќ. Истражувањето покажува дека бројот на партнери кои ги има жената многу зависи од тоа колку врски за една ноќ имала. Жените кој имаат поголем колк од 36 см имале повеќе сексуални партнери и врски за една ноќ од жените чии колкови биле под 31 см широки. Биолошки, жените со поголеми колкови може да се сексуално поотворени бидејќи еволутивно тие се подобри при породување.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.