40 луди работи кои ги правиме кога сме затрескани во некого

40 луди работи кои ги правиме кога сме затрескани во некого

И двата пола се однесуваат поинаку кога се затрескани во некого, иако многу повеќе ова го манифестираат девојките. Во колку работи ќе се пронајдете? Веројатно во сите, ако барем еднаш во животот сте биле силно затрескани.

40-ludi-raboti-koi-gi-pravime-koga-sme-zatreskani-vo-nekogo-kafepauza.mk

1. Константно го проверувате телефонот за да видите да не ви пишала симпатијата. Посегнувате по телефонот, дури и кога не слушате звук, кога не чувствувате вибрации.

2. Кога пак ќе осетите дека ви завибрирал телефонот, веднаш ве фаќа паника, пошто може да е тој/таа.

3. Ако ви пишала симпатијата ви треба некоја минутка за да се соземете пред да одговорите, а доколку е некој друг, гласно го пцуете што се осмелил да ви пише.

4. Се мислите за секој збор, интерпункциски знак и емотикон кој го употребувате во пораката што сакате да му/ѝ ја пратите.

5. Секој момент додека чекате да ви одговори претставува вистинска агонија за вас.

6. Пресметувате колку време треба да помине пред да одговорите. Не смее да биде ни премногу бргу ни премногу доцна.

7. Кога станува збор за демнењето на социјалните мрежи, ни ЦИА не ви е рамна.

8. Знаете дека Инстаграм е за да гледате колку добро тој/таа изгледа, додека на Твитер најдобро може да се провери неговото/нејзиното минато.

9. Ви се има случено по грешка да лајкнете негова/нејзина стара фотографија на Фејсбук/Инстаграм.

10. Ако вашата симпатија ве заледила на социјалните мрежи пред вие да го сторите тоа, тоа е најдобриот момент во вашиот живот, без сомнение.

11. Одвреме-навреме лајкнувате и коментирате по некој статус на профилот на симпатијата, притоа запазувајќи ја границата помеѓу слатко и морничаво.

12. Знаете како се викаат мајка му/ѝ и татко му/ѝ, браќата, сестрите, милениците, како и најдобрите другари и другарки. Ова е така дури и ако сѐ уште не сте ги запознале во живо.

13. Исто така знаете кои му/ѝ се омилените ТВ серии, филмови, музички стилови и храна.

14. Знаете и некои „рандом“ факти за вашата симпатија, како на пример каде била на одмор во 2011.

15. Штом видите дека вашата симпатија твитнала дека ја гледа новата епизода од омилената ТВ серија, и вие веднаш твитате нешто за серијата со желба да ѝ го привлечете вниманието или да добиете некој фејв или ретвит.

16. Поставувате нешто кул на вашиот профил зашто знаете дека постои можност вашата симпатија тоа да го види.

17. Со другар(к)ите имате прекар за симпатијата.

18. Ја препознавате вашата симпатија од далеку во гужва по некои чудни физички карактеристики како на пример обликот
на главата или изгледот на ушите одзади.

19. Сигурно сте имале некој безобразен сон со симпатијата.

20. И денски сонувате за симпатијата. Колку е само сладок/слатка. Што прави? Што носи во моментов? Мисли ли на мене?

21. Женски: Си го ставате неговото презиме до вашето име за да видите како ќе звучи ако се земете. Веќе дури имате имиња за вашите заеднички деца.

22. Си замислувате како водите разговор со симпатијата. Тој тече подобро од секој разговор што е возможен во реалноста.

23. Се облекувате во зависност од тоа дали очекувате да ја сретнете симпатијата тој ден.

24. Стоите поисправено кога сте покрај симпатијата.

25. И го вовлекувате стомакот.

26. Го имате напишано неговото/нејзиното име заедно со вашето во срце. А не сте веќе во основно.

27. Вашите пријатели веќе не можат да ве слушаат да зборите за него/неа.

28. Почнувате да излегувате на исти места.

29. Исто така, планирате да одите на разни места и настани на кои вообичаено не би оделе зашто таму може да ја сретнете симпатијата, како на пример на кошаркарски натпревар или на балет.

30. Кога сте покрај симпатијата, не смеете ни под разно да си дозволите да прднете.

31. Ни да ждригнете.

32. Не се смеете природно, туку се форсирате правејќи смешни звуци со цел да изгледа дека сѐ што ќе каже вашата симпатија е ненормално смешно.

33. Исто така се сложувате со сѐ што ќе каже.

34. Ако сте излезени на исто место, во секој момент знаете точно каде се наоѓа, дали е во веце или покрај шанкот или пак заминал со некој/а надвор.

35. Се позиционирате во просторијата така да можете да ја видите од секој агол, а и таа вас.

36. Станавте експерт за ѕверење без да бидете забележани.

37. Се има случено да му/ѝ мавнете мислејќи дека ви мавта вас, но всушност поздравувал/а некој зад вас.

38. Ако сте имале прилика да разговарате, тоа е момент кој никогаш нема да го заборавите во животот.

39. Но, ако случајно го/ја видите да зборува со друг/а, се чувствувате како ножеви да ве прободуваат во стомакот.

40. И покрај сето лудило, знаете дека да сте затрескани во некого е нормална човечка работа, која е убаво да се искуси.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар