Жените стануваат сѐ поприсутни и попризнаени во литературата, а доказ за тоа се и бројните награди кои ги добиваат. Доколку размислувате што да читате, земете ги предвид следните добитнички на награди за литература и нивните книжевни дела.rn
Маргарет Атвуд
rn
rnrnЕдна од најплодните писателки што добила бројни награди за литература, меѓу кои и Букеровата, која ја доби за делото „Слепиот убиец“. Покрај тоа, ја препорачуваме и „Приказната за куќната помошничка“.rn
Селма Лагерлеф
rn
rnrnСелма Лагерлеф е првата дама што ја добила Нобеловата награда за литература. Пишува на шведски, но нејзините дела се преведени на многу јазици. Доколку имате деца, ви препорачуваме да им ја прочитате необичната книги „Прекрасните авантури на Нилс“, за момчето што лета со дивите гуски. За популарноста на книгата сведочат и бројните филмски адаптации.rn
Тони Морисон
rn
rnrnАфро-американската авторка Тони Морисон покрај пишувањето, сега на 82-годишна возраст се занимава и со уредништво и професорска дејност. Таа е добитник на Нобеловата и Пулицеровата награда и на Претседателскиот медал на слободата, што се смета за највисока граѓанска награда. Најпознати дела се „Љубена“, „Најсиното око“ и „Песната на Соломон“.rn
Алис Мунро
rn
rnrnДоколку уживате во читање кратки раскази, тогаш Мунро е вистинскиот избор за вас. Таа ја освои Нобеловата награда минатата година. Навистина е тешко да се одвои конкретно дело, но може да почнете со „Бегство“, што е разнолика и неверојатна збирка раскази.rn
Ајрис Мардок
rn
rnrnАјрис Мардок ја освои Букеровата награда за романот „Морето морето“, што говори за моќта на љубовта и болката. Исто така, ја препорачуваме и „Црниот принц“, наслов кој алудира на Хамлет и дело со прекрасна раскажувачка структура, кое се фокусира на еротската опсесија.rn
Нели Сахс
rn
rnrnНели Сахс исто така е добитничка на Нобеловата награда за литература. Германска еврејка, поетеса и драмски писател, која стана гласноговорник на маките на Евреите за време на Втората светска војна. Неколку години од животот ги минала во ментална институција и интензивно пишувала лирска поезија, под влијание на германскиот романтизам. Има објавено неколку збирки поезија, а некои од поемите можете да ги најдете и на интернет, како „Израел“ и „Ние сирачињата“.rn
Дорис Лесинг
rn
rnrnДобитничка на Нобеловата и многу други престижни награди за литература. Творештвото може да се подели на три главни теми и периоди : комунизам, психологија и научна фантастика. Најпознати дела ѝ се: „Златната тетратка“, „Деца на насилството“ и „Добриот терорист“.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.