КАФЕ ПАУЗА

2048: Најзаразната игра на интернет

Бидете подготвени да потрошите барем 2 часа на оваа лесна аритметичка загатка за која не треба ниту да го фатите глувчето в рака. Правилата се едноставни. Се користат само стрелките од татстатурата, а со секое ново движење, добивате една бројка во слободно поле плус, при што истите бројки кои меѓусебно ќе се допрат се собираат (2 со 2 ќе стане 4, 4 со 4 ќе стане 8 итн.). Поентата е секако, да стигнете до 2048.rnrn

Кликни да играш
Кликни да играш
rnrnИнтересно е тоа што иако играта е заразна и веројатно многупати ќе изгубите, воопшто не е фрустрирачка. Забавна е додека се игра, а предизвикот да се победи е голем.rnrnКреаторот на играта Габриеле Чирули пресметал дека откако ја поставил играта пред една недела, луѓето потрошиле вкупно 500 години играјќи ја. Обидете се да не придонесете за зголемување на бројката.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.