Значењето на малите нешта во текот на работниот ден
Автор: Калин Бабушку
Колку и да не ги забележуваме или се противиме на нив, сепак малите работи го прават нашиот ден. Големите се само шлаг на тортата, но за да дојдете до големата работа, малите работи се тие што ве одржуваат во форма и со концентрација.
Имајќи предвид дека поголемиот дел од времето (не) го поминуваме дома (работа, училиште, итн.), еве некои мали работи што ги правиме секојдневно, а не сме ни свесни дека се случуваат околу нас:
Колеги – колку е убаво кога имаш колеги со кои можеш да поминеш пријатно време во ненапната атмосфера и згора на тоа се насмеани, што дополнително ви ја прави атмосферата на работа пријатна.
Активности што ги сакате – тие се тука околу вас, сакале вие да признаете или не, но понекогаш сме толку пренатрупани со работи кои не ги сакаме, а ги работиме, па некако ги занемаруваме оние убавите.
Ваш простор – со ваша работна маса и само ваш компјутер, кој може да си го средите како што сакате вие.
Пауза – можете да ја земете кога сакате, во временски период кој ви одреден за тоа.
Кафе-паузи – достапни ви се во кој било период од работниот ден. Па уште и ако сте пушач, кафе и цигара (иако сум голем противник на цигарите, но претпоставувам дека е задоволство за пушачите), задоволство кое нема зборови да се опише.
Едукација – време за ваша самоедукација и посета на едукативни интернет-страни и ваше самонадоградување.
Дел од тимот – чувство кое постојано ви го негуваат со ваша инволвираност во развој на нови проекти или програми, развој на активности, па дури и Ваша инволвираност во понатамошните активности
Пријатна музика – дали во канцеларијата во која работите или на вашето работно место, има нешто што ви овозможува да се смирите и да уживате во она што го работите?
Забави после работа – во последно време се многу актуелни, каде што се собира пријатен народ и каде што можете да си направите убав и пријатен разговор со ваши колеги, пријатели и/или соработници.
И многу други мали нешта на кои не им обрнуваме внимание, а се тука околу нас и што е уште пострашно, не сме благодарни за нив. А тие се оние што ни ја прават работата пријатна, што ни овозможуваат да си поминеме убаво на работа и да бидеме продуктивни. Но, не смееме да заборавиме дека сите овие мали нешта ни се овозможени од нешто и некого и дека не смееме да ги злоупотребуваме.
Затоа и имам еден едноставен совет за вас, уживајте во тие мали нешта, во тие мали работи кои ве прават среќни на работа, а ако ги немате, или најдете си ги, или создадете си ги. Тие се тука околу вас.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
iskreno citam non stop na kafe pauza za motivacija na rabotnoto mesto i se toa , iskreno se vi e super no … edna rabota zaboravivte . Nemoze site da rabotat vo kancelariki , nekoi rabotat vo gradeznistvo, nekoi vo rudnik i taka natamu kade STO NEMAAT PC ! ve molime sledni statii za ” nas ” nie sto nemame kompjuteri i kancelarii 🙂 ve sakam prijatno !