Најсрамните и најлудите работи кои жени ги направиле за најдобрите другарки
Врската меѓу долгогодишните најдобри пријателки си има своја тежина и претставува однос како ниеден друг. За неа би направиле скоро сѐ, но некои работи подобро да не ги дознае никој освен вас двете. Некои жени сепак се пресрамиле и ги кажале најлудите и најсрамните работи кои ги направиле за своите најдобри другарки.
1. Ѝ помогнав да го најде кондомот што се излизгал при секс и се заглавил длабоко во неа.
2. Погледнав во нејзината кака за да се обидам да проценам дали е болна.
3. Ѝ го држев невестинскиот фустан додека таа си менуваше тампон, за да не го направи со крв.
4. Ѝ стиснав мозолче на газот.
5. Се јавив во ургентен центар и ги опишував симптомите кои ги имаше, преправајќи се дека сум таа, бидејќи нејзе ѝ беше премногу срам да се јави. Мислеше дека ја има скршено „вагиналната коска“ од јавање на механички бик.
6. Ѝ помогнав да извади лук од вагината, кој го пикнала обидувајќи се да лечи габична инфекција на природен начин.
7. Ѝ извадив семче кое ѝ беше заглавено помеѓу забите зашто нејзините нокти не беа доволно долги.
8. Ѝ го помирисав здивот за да провериме дали има „одвратен здив на болен човек“ пред да дојде нејзиното момче, кое ѝ носеше вечера бидејќи беше болна.
9. Пиев од нејзиното мајчино млеко. Само за да осетам какво е. Морав!
10. Ѝ го исчистив дилдото додека бевме цимерки бидејќи сакаше да го стави во машината за садови, а мене ми беше редот за миење.
11. Ѝ помогнав да го извади изметот од птица во нејзината коса во веце во Старбакс.
12. Ѝ ја издепилирав интимата.
13. Се смував со дечко ѝ за да докажеме, како што таа се сомневаше, дека тој би ја изневерил ако добие шанса.
14. Си ја заменивме долната облека во вецето во еден бар бидејќи таа само што почна да се гледа со едно момче и сфати дека го носела истиот комплет претходниот пат кога биле заедно. Не сакаше тој да мисли дека не си ја сменила долната облекаоттогаш. Нема баш смисла, ама не можеш да бараш логика кога најдобрата другарка ти е пијана и сака да добие секс.
15. Ѝ помогнав да избега од сопствената свадба откако сфати дека не сака да се мажи.
16. Се измочав врз нејзе кога ѝ се закачи медуза на плажа.
17. Ѝ го зашив процепот на костумот што го носеше, во делот помеѓу нозете, додека сѐ уште беше на неа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
mnogu glupavo 🙂
Poglupava statija ne imate objaveno , definitivno me izgubivte kako veren posetitel na vasata strana. Odvratno !!!
aman bre 😀 nemoj! ke placime 😀