КАФЕ ПАУЗА

Како да изберете тапети за вашиот дом?

Како да изберете тапети за вашиот дом?

Автор: Ана ПетровиќrnrnСамото враќање на тапетите во мода ги натера производителите, покрај класичните дезени, на пазарот да понудат и покреативни ѕидни облоги. Тапетите можат да бидат наједноставниот начин да внесете разиграност и оптимизам во домот. Поради големиот избор на тапети и различните начини на нивно поставување, лесно се вклопуваат во просторот и даваат чувство на префинетост.rnrnКако да изберете тапети за вашиот дом?rnrnСо тапетите не мора да ја обложите целата просторија, напротив. Вашата соба ќе изгледа идеално доколку тапетите ги залепите само на еден ѕид или столб, посебно доколку сте љубители на цветните дезени. Исто така, тапетите можете да ги поставите хоризонтално до половина од ѕидот, а потоа да продолжите со тапети во различна боја, со кои би делувале усогласено. Вистинското прашање е какви тапети да изберете за декорирање на вашиот дом?rnrnКако да изберете тапети за вашиот дом?rnrnСпоред повеќето дизајнери на ентериер, ѕидот од страната на прозорецот треба да биде покриен со тапети во различен дезен од остатокот на просторијата. Ова е непишано правило, посебно во простори каде што има мали прозорци кои не заземаат голем дел од ѕидот. Тука најмногу одговараат тапети со светли шари за дополнително осветлување на собата.rnrnКако да изберете тапети за вашиот дом?rnrnВо просториите каде што има многу агли и ниски тавани, како собите на поткровје, најдобро одговараат тапети со вертикални шари, кои би придонеле за создавање на илузија на повисок и поголем простор.rnrnКако да изберете тапети за вашиот дом?rnrnТапетите во црвена, жолта и портокалова боја обезбедуваат чувство на топлина, па така овие нијанси се вистински избор за темни простории и соби свртени кон север.rnrnКако да изберете тапети за вашиот дом?rnrnНо, и тука постојат исклучоци од правилата – дизајнерите препорачуваат одбегнување на премногу светли нијанси во просториите во кои го поминуваме поголемиот дел од денот бидејќи поттикнуваат чувство на нервоза. Од друга страна, детските соби се најпогодни за ваквите бои, па нема да погрешите доколку во детската соба ставите тапети во весели бои и дезени.rnrnКако да изберете тапети за вашиот дом?rnrnКога се работи за спалната соба, најдобри се тапетите во пастелни бои. Одберете бледо жолти, лаванда или светло сини нијанси, кои би придонеле за подобар сон. Одбегнувајте ја црвената боја поради нејзиниот стимулативен ефект кој често предизвикува несоница.rnrnКако да изберете тапети за вашиот дом?rnrnГенерално, во малите соби од домот не е препорачливо да се поставуваат тапети во темни нијанси, кои визуелно би го намалиле просторот. За да се добие она чувство на комфор во домот, најдобри се тапетите во зелени нијанси, додека за постигнување на драматичност и модерен изглед, одличен избор се впечатливи и живописни тапети, кои се поставуваат само на едниот ѕид од просторот.rnrn(8) kako-da-izberete-tapeti-za-vashiot-dom-kafepauza.mk
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.