Плетенка во облик на срце за романтичен изглед
Ќе ја направите брзо и едноставно, а ќе постигнете нежен и женствен изглед на романтична девојка.
Најпрво разделете ја косата, истакнувајќи го патецот од над челото до темето во права линија. Од двете страни тргнете поголеми триаголни прамени коса (за двете плетенки). Започнете со плетење внатрешни плетенки следејќи ја линијата над увото (како што е прикажано на сликата).
Кога ќе продолжите со плетење после увото, земајте прамени од внатрешниот дел од косата од соодветната страна. Штом ќе стигнете до средина на вратот, заврзете ја плетенката со ластиче. Повторете ја истата постапка од другата страна на главата.
Од плетенките од двете страни и косата што остана, направете една голема плетенка, обично сплетена и зацврстете ја со ластик или стегач. Пожелно е стегачот да биде во иста боја со вашата коса.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.