Кревет за мирен сон под ѕвездено небо

Сподели

„Вселенски кревет“ е името на изумот на руската дизајнерка Наталија Румјанцева, кревет кој овозможува мирен сон под ѕвездено небо во затворена просторија. Каде и да го сместите, смирувачкиот сонувачки амбиент не ви бега.

Реклама

Вселенскиот кревет е направен од бел фиберглас и има форма на пресечено јајце. Магијата ја постигнува со ЛЕД светилки поставени на горниот дел, а ја дополнува со аудио систем кој пушта смирувачка музика и систем кој испушта мириси кои го поттикнуваат сонот. Душекот може да се навалува нагоре или надолу, како што подобро му одговара на оној кој го користи. Покрај тоа, во креветот е вграден и аларм за будење.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира