Ноќен клуб инспириран од ледените пештери
Автор: Марија Смокварска
Elia Felices е дизајнер на ентериер од Шпанија која може да се пофали со нејзиниот голем успех – ноќниот клуб La Cova, кој се наоѓа во Матаро, близу Барселона.La Cova располага со 500 квадратни метри во кои се сместени гардероба, место за танцување, 2 бара, место за диџеј и секако, простор за седење со ултра модерно дизајнирани сепариња. Сите соби се спојуваат во една правоаголна просторија која овозможува убаво распределување на гостите и помали шанси за метеж.Основната идеја на дизајнерката била создавање на диско кое потсетува на ледена пештера во центарот на градот, за на крајот и да го создаде. Целиот ентериер е во знакот на мразот: украсите, осветлувањето, облиците, боите и др. Од таванот висат две големи светилки кои потсетуваат на мразулци. Друг извор на светлина се светилките кои произлегуваат од подот во облик на камења.Elia Felices сакала да го истакне едноставниот дизајн со многу променливо осветлување. Бојата на осветлувањето е една од главните карактеристики на La Cova. Главниот влез е осветлен како полумесечина за да привлече внимание кај минувачите. Белите ѕидови се декорирани со цртежи со сини цветови кои даваат специфичен изглед на просторијата. Подиумот е изработен од издигната плоча во која се наоѓаат LED светилки кои ја менуваат бојата.Заклучокот кој се добива од ова место е дека овој ноќен клуб нуди многу забава, па ако некогаш сте во близина на Матаро, би било добро да го посетите. Еве уште една додатна информација: за разлика од кај нас, во La Cova има одредени простории за пушачите така што и да го посетите овој клуб зиме, нема да мрзнете пред врата пушејќи ја вашата цигара 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.