Неколку предлози за чај кои мора да ги пробате

Сподели

Чајот е топол, вкусен напиток, кој позитивно влијае врз нашето здравје. Доколку не знаете каков чај да си направите денес, погледнете ги следните неколку предлози.

Реклама

rn

Бел чај

rnДоколку сакате да пробате нешто ново, почнете со белиот чај. Не е толку јак како другите чаеви, а истовремено го намалува холестеролот и крвниот притисок. Доколку одамна не сте пиеле чај, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.

rn

Чај за спиење

rnДоколку сакате помирен и поубав сон, тогаш пробајте чај за спиење. Постојат најразлични чаеви за спиење од различни производители, сите нив ги карактеризира помало количество кофеин, а ваше е да го изберете оној кој вам најмногу ви одговара. Ваквиот чај ќе ве смири и релаксира по напорниот ден.

rn

Чај за слабеење

rnДоколку навистина сакате да постигнете резултати со слабеењето, набавете улонг. Тој е одличен напиток во битката со килограмите, а може да се користи и во посериозни ситуации на прекумерна дебелина или кардиоваскуларни проблеми.

rn

Чај од портокал

rnПиењето чај од портокал со себе носи многу здравствени придобивки. Богат е со антиоксиданси кои го спречуваат стареењето. Исто така, позитивно влијае и врз работата на срцето.

rn

Црн чај

rnДоколку барате замена за утринското кафе, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Црниот чај има силен, интензивен вкус и истиот се служи со млеко и шеќер. Овој чај има највисоко количество кофеин, што сигурно ќе ве направи поактивни и поенергични, а будењето ќе го направи полесно.

rn

Чај од нане

rnЧајот од нане е одличен за смирување на болките во стомакот, а се користи и превентивно, против настинка. Исто така, се препорачува и за лечење на воспалено грло. Доколку одамна не сте го пиеле, не двоумете се и опуштете се со топла шолја чај од нане.

rn

Зелен чај

rnПокрај многуте здравствени придобивки, зелениот чај е и навистина многу вкусен. Ја одржува кожата чиста, заштитува од срцеви заболувања, депресија и го подобрува целокупниот имунитет. Уште една одлична замена за утринското кафе.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира