Пастелните бои се секогаш во тренд и секогаш придонесуваат за нежен изглед. Црвеникаво-розовата и сивата боја одат одлично заедно. Ова се 4 идеи како да ги искомбинирате овие бои за разни пригоди.rn
Секојдневно и слатко
rnСекојдневен и удобен изглед за на училиште, факултет, читална или кафе со пријателите. Искомбинирајте светли фармерки и удобен џемпер. Како аксесоари одберете сива марама со интересен принт и нежни обетки. Завршете го изгледот со ниски балетанки и мала чанта за преку рамо. Секако, не заборавајте го нежно розовиот сјај за усни.rnrn
rn
Женска вечер
rnЗа забавна и незаборавна женска забава искомбинирајте едноставен сив џемпер, пласирано здолниште и чизми до глужд. Како аксесоар за коса, искористете лента во црна, сива или црвеникаво-розова боја и завршете го изгледот со розов лак за нокти.rnrn
rn
Шик и софистицирано
rnОваа комбинација е совршена за на работа или кога имате важна презентација на факултет. Искомбинирајте тесни бели панталони, сиво-бела маичка на риги и црвеникаво розова наметка или сако. Завршете го изгледот со каиш во металик боја и нежно ланче со цветови во светли бои.rnrn
rn
За незаборавен љубовен состанок
rnНежното розово фустанче со чипка во комбинација со популарните оксвордки и елегантен сив мантил се совршена комбинација кога одите на состанок или пак доколку го прославувате денот на вљубените со вашиот партнер. Едноставно парче накит и плик чанта се задолжителни аксесоари, додека пак совршена фризура за ваква пригода е пунџа на страна.rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.