Животот не секогаш е розов, некогаш знае да ни зададе ниски удари и да биде неправеден. Колку побрзо ги сфатиме овие вистини за животот, толку поподготвени ќе бидеме кога ќе мора да се соочиме со нив.rnrn
rn
1. Животот понекогаш не е фер
rnНекогаш и кога сте вложиле многу напор може да не успеете, некогаш вашиот труд може да не се исплати, може да не добиете пофалба или признание кое го заслужувате. Животот понекогаш знае да изигра нефер, но тоа не значи дека треба да кренете раце туку да се обидете повторно.rn
2. Првиот чекор е секогаш најтежок
rn„Патот од илјада милји започнува со еден чекор.“ Првиот чекор е секогаш најтежок и изгледа дека е преголем. Започнете со бебешки чекори, преземете акција макар и навидум да изгледа мала. Почнете од негде и за брзо ќе видите дека ништо не е толку страшно како што изгледа.rn
3. Добрите работи не доаѓаат веднаш
rnЧесто очекуваме веднаш да бидеме наградени за нашиот труд или напор, но вистината е дека добрите работи не секогаш доаѓаат за брзо. Среќата е кај оној што умее да биде трпелив. Народот рекол: „Што е мое ќе си дојде.“rn
4. Не секој ќе ве поддржува
rnЌе наидете на песимисти, луѓе кои гледаат негативно, оние кои од која било причина ќе ви речат дека вашата идеја звучи смешно. Лекот е да ги игнорирате потполно и целосно да се насочите кон вашите цели.rn
5. Не секогаш ќе ја имате целосната контрола над нештата
rnНекогаш нештата знаат да ни излезат од контрола, а оние кои секогаш сакаат да имаат контрола над сè, може ова да го поднесат навистина тешко. Некогаш е добро да оставите работите да се одвиваат по природен тек. Не брзајте. Никогаш не знаете кога тоа доброто ќе ви излезе на патот.rn
6. Не можете да доживеете големи успеси без да преземате големи ризици
rnОние кои успеале да го променат светот со своите идеи, се оние кои најмногу ризикувале. Некогаш е потребно да го вложите целиот ваш труд и време и целосно да се посветите на вашата идеја, дури и ако на моменти ви звучи нереално или глупаво. Да, секогаш постои ризик од неуспех, но и можност за голем успех.rn
7. Можеби ќе ви биде подобро без некои личности околу вас
rnОва може да биде тешко, особено за оние кои умеат лесно да се поврзат со некого. Вистината е дека доаѓа време во животот кога едноставно треба да ставите крај, да прекинете некаква врска или пријателство кое ви штети. Може ќе ви биде тешко во тој момент, но во иднина ќе забележите дека ви е навистина подобро без одредени личности во вашиот живот.rn
8. Смртта е неизбежна
rnЖивотот некогаш може да ни приреди лоши моменти и ниски удари. Никој не живее вечно и ќе дојде период во животот кога ќе бидете принудени да се соочите со смртта на некој близок. Она што може да го направите е да го минувате секој слободен момент со луѓето кои ви значат. Не одолговлекувајте и јавете му се на вашиот дедо, посетете ги вашите роднини и пријатели кои живеат далеку. Ценете го она што го имате додека е тука за вас.rn
9. Вие сте си најголеми непријатели на самите себе
rnНекогаш големите можности ни се пред носот но не ги забележуваме. Некогаш самите себе се демотивираме и бегаме од нашите соништа. Самите одбираме да не се потрудиме доволно или да не веруваме во себе. Тоа би значело дека најчесто самите се дистанцираме од успехот и сме си најголеми непријатели.rn
10. Некогаш лоши работи им се случуваат на добрите луѓе
rnСтрадањето е дел од животот, но интересната вистина е дека нè прави многу посилни. Самите одбирате како ќе го гледате светот. Кога животот ќе ви зададе низок удар, исправете се и продолжете понатаму.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.